
Запалена куќата на градоначалникот на Дерна на антивладините протести поради несоодветен одговор на поплавите во Либија
Куќата на градоначалникот на либискиот град Дерна е запалена откако стотици демонстранти се собраа на протест и побараа одговори за минатонеделните катастрофални поплави.
Домот на градоначалникот на Дерна, Абдулменам ал Гаити, стана фокус на гневот на луѓето.
Жителите велат дека не биле соодветно предупредени од властите, за кои веруваат дека требало да знаат дека доаѓаат обилни врнежи.
Тие велат дека, исто така, биле советувани да останат во домовите наместо да им се каже да се евакуираат, иако властите тоа го негираат.
Од соборувањето на долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, Либија е растргната од борба за моќ и во моментов има две влади – едната призната од ОН со седиште во Триполи, а другата на истокот на земјата поддржана од воениот лидер генерал Калифа Хафтар.
Најмалку осум отсто од жителите на источниот либиски град Дерна го загубија животот или исчезнаа, а четвртина од населбите на градот се избришани од картата од катастрофалните поплави кои ја опустошија земјата.
Во поплавите предизвикани од бурата „Даниел“ загинаа најмалку 11.000 луѓе загинаа, а над 10.000 се водат како исчезнати поради поплавите кои ја зафатија источна Либија викендов, според последните официјални податоци.
Според Канцеларијата на ОН, над 40.000 луѓе се раселени низ североисточните области на Либија од почетокот на разорните поплави кои се случија на 10 септември.

