Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАОКРУЖЕН Е ПРВИОТ ЦИКЛУС НА ЗЕЛЕНИОТ КОНКУРС НА dm Раззеленети дворовите на две училишта во Охрид и во Велес
Македонија

ЗАОКРУЖЕН Е ПРВИОТ ЦИКЛУС НА ЗЕЛЕНИОТ КОНКУРС НА dm Раззеленети дворовите на две училишта во Охрид и во Велес

09/04/2026

AA

Проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, кој dm drogerie markt го реализира со Македонското еколошко друштво (МЕД), доби ново продолжение на 7 и 8 април, при што во дворовите на основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид и Државното средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“ во Велес беа засадени вкупно 90 садници.

Со овие активности,  велат од компанијата, двете образовни институции добија поуреден, позелен и попријатен изглед, а воедно се создадоа и подобри услови за престој, едукација и секојдневни активности на учениците.

„Акциите се одвиваа во инспиративна атмосфера, со активно учество и интерес, а благодарение на стручната поддршка од МЕД, ова искуство имаше и едукативен и мотивирачки карактер“, соопшти dm.

Со овие активности, се заокружува првиот циклус на садења предвиден за првите три месеци од годинава, додека пријавувањето за следниот циклус, што ги опфаќа октомври, ноември и декември, сè уште е отворено на платформата на dm на следниот линк.

Фото: dm drogerie markt

Компанијата информира дека од почетокот на оваа година , во рамките на „Зелена иднина: од градинка до училиште“ веќе беа реализирани пошумувања во основните училишта „Маршал Тито“ во с. Банско, Струмица и „Андреја Савевски – Ќикиш“ во Тетово, каде беа засадени вкупно 160 садници.

Дополнително, на 23 и 27 март беа спроведени нови акции за пошумување во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и во градинката „Детска радост“ во Гевгелија, при што беа засадени уште 133 садници. Тоа значи дека од почетокот на 2026 година, заклучно со најновите активности во Охрид и Велес, во рамките на проектот се засадени вкупно повеќе од 380 садници.

По успешната реализација на првата фаза од конкурсот во октомври и ноември 2025 година, кога беа раззеленети четири училишни двора со повеќе од 500 садници, проектот и оваа година продолжува да се развива во повеќе воспитно-образовни установи ширум земјата.

Фото: dm drogerie markt

„Посебна вредност на иницијативата ѝ дава и едукативната димензија, преку која децата и младите се поттикнуваат да развиваат одговорен однос кон природата и зелените површини“, истакнува компанијата.

Конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ е наменет за државни и општински основни и средни училишта, како и за градинки, кои имаат можност да го пријават својот двор за раззеленување и хортикултурно уредување. Пријавените проекти ги разгледува стручен тим составен од претставници на dm drogerie markt и Македонското еколошко друштво (МЕД), а крајниот рок за аплицирање е 31.8.2026 година. Во секој од предвидените месеци за садење се реализираат по два проекти, а пријавувањето се одвива преку формуларот на платформата „Заедно едни за други“.

Во соопштението се вели дека со проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, dm drogerie markt и Македонското еколошко друштво (МЕД) и понатаму даваат значаен придонес кон заедницата, поттикнувајќи еколошка свест, одржлив развој и грижа за просторот во кој растат и се развиваат младите генерации.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ БИТОЛА Три дена музика и магија пред Офицерскиот

09/04/2026
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“ на средба во Судска медицина:

09/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБУДКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

09/04/2026
Македонија

Нови правила за донорство: Граѓаните сами кај матичниот ќе одлучуваат

09/04/2026
Македонија

ЗАОКРУЖЕН Е ПРВИОТ ЦИКЛУС НА ЗЕЛЕНИОТ КОНКУРС НА dm Раззеленети

09/04/2026
Македонија

Сведоштва за ужасот во „Пулс“: секунди до спас, хаос и

09/04/2026
Македонија

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија: Економијата на стабилна

09/04/2026
Македонија

Сопруг на наставничка и се заканувал на директорката зошто жена

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ БИТОЛА Три дена музика и магија пред Офицерскиот дом

09/04/2026

Од 7 до 9 мај 2026 година, платото пред Офицерски дом во Битола ќе биде домаќин на „Вински Фестивал Битола“

Родителите на загинатите во „Пулс“ на средба во Судска медицина: Вистината ќе се докажува во

09/04/2026

Дел од семејствата на жртвите од трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ денеска остварија средба со директорот на Институтот за

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБУДКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви од Кочани се сретнаа со

09/04/2026

Дел од родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска имаа средба со директорот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy