Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заменик министерот Велковски во средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа О’Флаерти: Инклузијата на Ромите во фокусот
Македонија

Заменик министерот Велковски во средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа О’Флаерти: Инклузијата на Ромите во фокусот

26/04/2025

AA

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, оствари средба со Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти, на која се разговараше за спроведувањето на Националната стратегија за инклузија на Ромите 2022–2030.

Во фокусот на средбата беа институционалната координација, прибирањето податоци, акциските планови и политичката посветеност на Владата кон Стратегијата, која предвидува ангажман од повеќе ресорни министерства. Четири министерства за социјална политика, образование, транспорт и здравство обезбедуваат посебни буџети за спроведување на стратегијата, во износ од околу 60 милиони денари. Најголем дел од средствата се распределуваат преку ресорите за образование и транспорт, додека најмал буџет имаат социјалната и здравствената сфера.

Најзначајни проекти се реализираат во областа на образованието, каде што стипендиите за средношколци и студенти, како и ангажманот на образовни медијатори, придонесуваат за зголемено учество на ромските деца во основното образование. Во транспортот, проектите се насочени кон подобрување на комуналната инфраструктура и изградба на социјални станови. Во доменот на социјалната политика, Министерството спроведува низа активности од инклузија во претшколско образование, до обезбедување лична документација, социјални права, активирање на пазарот на труд преку Ромски информативни центри и поддршка на лица без документи и бездомници. Министерството има подготвено и Протокол за постапување со деца на улица, како и Регистар за бездомници во соработка со граѓанскиот сектор. Според податоци на Народниот правобранител, во земјава има околу 337 деца на улица, од кои 90 отсто се Роми. Најголемиот број се регистрирани во Скопје и Прилеп. 

Заменик министерот Велковски потенцираше дека решавањето на овој проблем бара координирана меѓуресорска акција од домување, преку образование, до здравство и вработување.

Во рамки на пристапот до предучилишно образование, Министерството од 2006 година спроведува проект за инклузија на Роми, кој покажа значајни резултати, речиси 100% од децата кои посетиле градинка продолжуваат во основно образование. Во учебната 2024/2025 година, во детските градинки биле запишани 472 деца Роми, при што 33% се ослободени од плаќање партиципација. За 2025 година, со поддршка од Светска банка, се планира нова програма за работа со родители и невклучени деца, со предвиден буџет од 300.000 долари до 2029 година. Имплементацијата на стратегијата се следи преку Националното координативно тело, каде што Министерството за социјална политика има двајца претставници. Телото одржува квартални состаноци со учество на сите релевантни институции.

„Инклузијата не е само политичка обврска, таа е наша морална и институционална должност. Продолжуваме со посветеност и конкретни мерки за подобрување на животот на Ромската заедница,“ изјави Велковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ 33 СТАРИ УЧЕБНИЦИ Министерството за образование најавува

20/10/2026
Македонија

ВОЗЕЛА 142 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КАДЕ ШТО Е 50 ДОЗВОЛЕНО

20/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ

20/10/2026
Македонија

📽️ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 65.000 ЕВРА СКРИЕН ВО ПЕРНИЦА ЗА

20/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

20/10/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБА ДА ДАВА ОСТАВКА На ВМРО-ДПМНЕ му

20/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46277
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ 33 СТАРИ УЧЕБНИЦИ Министерството за образование најавува поквалитетни содржини

20/10/2026

Министерството за образование и наука (МОН) повлекува 33 учебници за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение бидејќи се

ВОЗЕЛА 142 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КАДЕ ШТО Е 50 ДОЗВОЛЕНО Жената е приведена и ѝ

20/10/2026

24-годишна жена од ресенското село Подмочани е лишена од слобода откако била фатена како управува автомобил со брзина од 142

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ Предупредуваат на опасност од одлив

20/10/2026

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат од Уставниот суд итно да ги стави на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy