
Законот за рестриктивни мерки во вторник на седница!
Првиот вицепремиер задолжен за европски прашања во техничката Влада, Бојан Маричиќ денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Во изјава за медиумите, Маричиќ посочи дека досега нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада.
„Очекувам таа да остане до крајот на мандатот, односно до почетокот на изборите“, додаде тој.
Маричиќ вели дека се очекува во вторник да има можеби повеќе од една седница и да биде усвоен законот за рестриктивни мерки.