
„Загрепчани слушаа тешки навреди од Македонците, па ги замолкнаа во драмата“
Цел беа неколку добри познати ликови на македонската ракометна јавност, пред се поради нивното минато и фактот што ги бранеа боите на лутиот ривал на битолчани. Во својот извештај под наслов „Загрепчани слушаа тешки навреди од Македонците, па ги замолкнаа“, 24сата.хр го посочи токму тоа.
„На почетокот, голманот Матеј Мандиќ ги смири ‘Чкембари’ кои натпреварот го следеа на нозе. Го ‘почестија’ Дибиров кој им е лут непријател од деновите во Вардар, како и Чупиќ и Моралес кои поминаа малку подобро“, пишува во текстот.
Тројцата поранешни ракометари на Вардар постигнаа вкупно осум гола, Чупиќ и Мораес по три, а Дибиров два.

