ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад
Бројот на загинати во Нови Сад се искачи на 13, откако денеска натстрешница на Железничката станица се урна.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ за РТС изјави дека според најновите информации – 13 луѓе загинале. Тројца повредени се префрлени во Клиничкиот центар и се во сериозна состојба.
Тој додаде дека две жени биле извлечени од урнатините и дека спасувачката операција била исклучително тешка.
„Се работи за многу тешка и масивна конструкција, што е многу тешко да се подигне и да се стигне до повредените“, изјави Дачиќ.
Министерот додаде дека се стравува дека има повеќе жртви. Меѓу загинатите е и дете на возраст од шест години.