Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Загадувањето е само визуелно – умирањето е реалност“: Граѓаните повторно на протест!
Македонија

„Загадувањето е само визуелно – умирањето е реалност“: Граѓаните повторно на протест!

13/09/2025

AA

Жителите на скопските населби Аеродром и Ново Лисиче денеска повторно излегоа на протест пред паркот „Авионче“, во знак на бунт против загадениот воздух кој, како што велат, ги труе секојдневно. Протестот, насочен првенствено кон дивата депонија Вардариште, но и кон други загадувачи како Дрисла, денеска доби уште посилен визуелен и мирисен ефект.

Во позадината на насобраните граѓани се извиваше густ чад од пожарот во фабриката „Ф – ГРУПАЦИЈА“ во Трубарево – иронична и болна слика за ситуацијата со која се соочуваат. Покрај визуелниот ефект, чадот влијаеше и на дишните органи на присутните.

Протестантите носеа транспаренти со пораки како „Премиерот дише ист воздух или има друг?“, „Меѓу две депонии умира еден град“ и „Загадувањето е само визуелно – умирањето е реалност“. Еден од граѓаните коментираше: „Среќа што на камера не се осеќа како смрди“.

Еден од учесниците на протестот изрази разочарување од малата бројка на присутни. „Зарем не им пречи ова што го дишат? По еден човек од стан да излезеше, ќе направевме поголем притисок“, рече тој, укажувајќи на апатијата кај дел од жителите.

Протестите на граѓаните продолжуваат со барање за итно решавање на проблемот со загадувањето, кое денеска уште еднаш се покажа како сериозен ризик по здравјето и животот на скопјани.

ФОТО: Цивил.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy