Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заедно со 100 волонтери компанијата Diageo ќе засади 2000 дрвца во Беровско во најголемата активност за пошумување на опожарените површини
Македонија

Заедно со 100 волонтери компанијата Diageo ќе засади 2000 дрвца во Беровско во најголемата активност за пошумување на опожарените површини

18/11/2023

AA

Во последните 2 години, Република Северна Македонија беше зафатена од повеќе од 500 шумски пожари со финансиска штета од околу 14 милиони евра.

Врз основа на предвидувањата на Јавното претпријатие „Национални шуми“ ќе бидат потребни повеќе од 50 години за да се обнови штетата направена во последните две години на повеќе од 30.000 хектари шумска површина. Во 2020 година се пошумувале 569 хектари, а во 2019 година околу 1000 хектари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пожарот е под влијание на многу фактори, вклучувајќи географија, клима, временски услови, топографија и човек.

Во големите пожари, кои сè почесто се појава во нашата земја, се уништуваат екстремно големи површини шума.

Глобалниот пораст на температурите и сушните периоди, предизвикани од климатските промени, дополнително влијае на појавата и ширењето на пожарите. Елементите на пожар, кои веќе во лето станаа секојдневие, зад себе оставаат пустош со катастрофални природни последици.

Сојузот на извидници на Македонија и ЈП Национални шуми како главни организатори на акцијата Боренка овој понеделник на 20 ноември ќе ја одржат годинешната четврта акција за пошумување на опожарена површина. Акцијата за пошумување Боренка започнува во 10:00 часот и ќе трае до 13:00 часот.

Како дел од програмата Society 2030 – Spirit of Progress, чија цел е позитивно влијание врз општеството и животната средина, Diageo, како зелен шампион на БОРЕНКА, заедно со својот локален партнер Maliqi group за прв пат ќе учествуваат со своите вработени во кампања за пошумување заедно со младите ученици и наставници од скопската гимназија „Орце Николов“, извидниците од штипската извидничка единица „Еквинокс“, Првиот скопски извиднички одред, Поречкиот извиднички одред „Галеб и Јадран“ и Извидничкиот одред од Кичево – Мирко Милески. На акцијата ќе се приклучат и раководните лица на ЈП Национални шуми. Во понеделник ќе се пошумуваат 2000 нови стебла на повеќе од еден хектар опожарена површина. Договорот за спонзорство на Diageo вклучува 2 000 нови дрвја.

Точната локација на акцијата за пошумување во понеделник на 20 ноември може да се најде на социјалните мрежи на Боренка.

На сите волонтери им е обезбеден бесплатен превоз до и од локацијата за пошумување, садници, заштитна опрема, алат за садење, стручен надзор од работниците од Национални шуми – Берово, вода, сендвичи и овошје.

Акциите за пошумување се одржуваат два до три пати секоја недела од месец ноември, а ќе завршат на 5 декември со симболично одбележување на Светскиот ден на волонтерите.

Да потсетиме, кампањата Боренка во изминатата прва сезона собра повеќе од 1000 волонтери од цела земја, а вкупно извидниците и другите волонтери на Боренка досега засадија повеќе од 20 000 нови дрвја во пожарните области во три региони во земјава.

Ова ја прави Боренка најголемата волонтерска кампања за пошумување и одличен пример како да се здружат бројни волонтери, институции, компании и организации во обновувањето на природата.

Во организацијата на Боренка учествуваат бројни институции кои даваат поддршка на извидниците и другите волонтери. ЈП Национални шуми обезбедуваат садници и друг саден материјал, а нивните експерти едуцираат волонтери и го надгледуваат самото садење. Волонтерите на Сојуз на извидници на Македонија се главната логистичка поддршка во организацијата на пошумувањето. Директна институционална поддршка Боренка има од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање како и од Министерството за надворешни работи на Република Хрватска, Хрватски шуми и Сојуз на извидници на Хрватска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Пожарот кај Шуто Оризари сè уште не е изгаснат,

29/06/2026
Македонија

Сарамандова останува во обвинителскиот тим за случајот „Пулс“, Савески го

29/06/2026
Македонија

Регионот се прости од Владо Јаневски: „Нашите заеднички концерти засекогаш

29/06/2026
Македонија

Мицкоски: Опозицијата го блокира Изборниот законик, Македонија ќе ги победи

29/06/2026
Македонија

Филипче објави фотографија вечерва од Собрание, 14 пратеници напишале 10

29/06/2026
Македонија

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини – Собранието

29/06/2026
Македонија

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се

29/06/2026
Македонија

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44041
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Пожарот кај Шуто Оризари сè уште не е изгаснат, се шири густ чад и

29/06/2026

Пожарот што избувна во реонот на Шуто Оризари, во близина на „Џиџи Комерц“, сè уште не е целосно изгаснат, информира

Сарамандова останува во обвинителскиот тим за случајот „Пулс“, Савески го одбил барањето за нејзино изземање

29/06/2026

Обвинителката Наташа Сарамандова останува дел од обвинителскиот тим кој го застапува обвинението против 34 обвинети за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Регионот се прости од Владо Јаневски: „Нашите заеднички концерти засекогаш ќе останат во сеќавање“

29/06/2026

Веста за смртта на македонската музичка легенда Владо Јаневски предизвика голема тага не само во Македонија, туку и во целиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy