Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За три години пандемија, граѓаните платиле 20 милиони евра за јавна услуга која завршила во приватни џебови
Економија

За три години пандемија, граѓаните платиле 20 милиони евра за јавна услуга која завршила во приватни џебови

10/02/2023

AA

Државниот завод за ревизија во својот ревизорски извештај што го објави денеска за работењето на Фондот за здравствено осигурување доаѓа до заклучок дека граѓаните за три пандемиски години платиле 19,9 милиони евра за ПЦР-тестови во приватните лаборатории, наместо таа услуга да ја добијат од јавните здравствени центри. Како што изминувало времето до октомври 2022-ра, така истовремено се зголемувало и отворањето на приватните лаборатории во однос на јавните. Вредноста на тестирањето во јавното здравство, од друга страна, вредело само 249.526 илјади денари или 4 милиони евра. 

До почетокот на 2021 имало исто број на тестирања во приватното и во јавното здравство, но потоа јазот на дадените услуги значително се зголемува. Во јуни 2022 имало пет приватни, а шест јавни лаборатории. Во септември 2022 имало 15 јавни лаборатории, а 18 приватни. Државниот ревизор открива дека Влчадата и државните служни со ниту еден акт не ги ограничиле цените на ПЦР-тестирањето, а ниту биле поттикнувани активно приватните лаборатории да склучуваат договори со Фондот за здравство. Не било поднесено ниту едно барање од приватните здравствени установи за склучување договор.

„По прогласувањето на пандемија со COVID-19 и воведувањето на вонредна состојба
на 18.03.2020 година, од страна на Владата на РСМ донесени се неколку Уредби со
законска сила кои се однесуваат на примена на Законот за здравствена заштита и
Законот за здравствено осигурување. Со анализа на донесените уредби и
преземените активности од надлежните институции за имплементација на истите,
го констатиравме следното: 

Со донесените Уредби во март 2020 година се овозможува ПЗУ надвор од
мрежата на здравствени установи кои вршат дејност за интензивна нега и
терапија и кои укажуваат здравствени услуги за детекција на COVID-19 да
склучат договор со Фондот, согласно прописите од областа на
задолжителното здравствено осигурување. Во насока на исполнување на
донесените Уредби, во април 2020 Фондот донел Одлука за утврдување на
формата и содржината на договори за извршување и плаќање на здравствени
услуги за детекција на COVID-19 со PCR метода. Имајќи предвид дека со
донесените Уредби не е предвидено утврдување на највисоки цени за овие услуги во ПЗУ, како и поради непреземени активности за стимулирање на
ПЗУ, не се поднесени барања за склучување на договор со Фондот.“, констатирано е во ревизијата.

Со донесените Уредби во април и мај 2020 година се предвидува дека сите
граѓани без разлика на статусот на здравствено осигурување, можат да
користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од
COVID-19 на товар на Фондот што довело до
зголемување на побарувачката на овие здравствени услуги, но при тоа
Министерството за здравство не преземало активности за обезбедување на поголем број
термини за тестирање на товар на Фондот во поголем број јавни здравствени установи поради што
голем дел од осигурениците тестирањето го вршеле на свој трошок во
приватни лаборатории.

„Дополнително, со измените на Законот за
здравствена заштита во јуни 2021 година предвидено е за наведените
здравствени услуги Владата да определи највисоки цени во висина на
референтните цени на Фондот и за приватниот здравствен сектор заради
овозможување услугите да бидат подеднакво економски достапни за сите
граѓани и за заштита на јавното здравје и на економските интереси на сите
граѓани. Со извршената анализа констатиравме дека: не е донесена одлука за утврдување на највисоки цени од страна на
Владата; во услови на зголемен број издадени дозволи на приватни лаборатории
за вршење услуга за дијагностицирање на COVID-19, Министерството не
преземало активности за овозможување на истото со обврска за
склучување договор со Фондот“, дополнува ревизорот.

Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на
пандемијата до 30 септември 2022 година извршени се вкупно 2.170.602
тестови во 33 лаборатории. 
На товар на Фондот во
2020 година направени се 137.664 ПЦР тестови што претставува 36 отсто од вкупниот број
на ПЦР тестови за истиот период додека во 2021 година направени се 135.448 ПЦР тестови што претставува само 18 проценти од вкупниот број на тестови направени во
истиот период. 

„Напоменуваме дека дел од овие тестови се направени и заради
потреба од патување, но голем дел се врз основа на медицински индикации.
Бројот на направените тестови и висината на цената на овие услуги во приватните
лаборатории во различни периоди укажува на одлив на финансиски средства на
граѓаните во приватното здравство. Сметано по најниската наплатена цена, според
јавно достапни информации, од 1.400 денари и 870.664 тестови направени во ПЗУ
за две години, станува збор за износ не помалку од 19.9 милиони евра, не земајќи ги
предвид и брзите антигенски тестови и повисоко наплатените цени кои се движеа и
до 5.500 денари по тест.
Референтна цена на пакетот за ПЦР тест на Фондот била утврдена во висина од
1.850 денари со примена од 22 септември 2020 година, односно 1.550 денари од 17
декември 2021 година“, вели ревизорот.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови

10/06/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова по средбата со Јотова: Уставните измени не се единствениот

10/06/2026
Македонија

Избрани нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

10/06/2026
Македонија

Нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и локална нестабилност во неколку

10/06/2026
Македонија

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

10/06/2026
Македонија

Општина Тетово алармира: Лажно известување циркулира меѓу граѓаните кај булеварот

10/06/2026
Македонија

Две лица приведени од вкупно седум пријави за семејно насилство

10/06/2026
Македонија

Ангелова: СДСM не може да ги поднесе резултатите на министерот

10/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43697
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови претседатели на комитети и донесе

10/06/2026

На вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени

Сиљановска-Давкова по средбата со Јотова: Уставните измени не се единствениот услов од Софија, во игра

10/06/2026

Вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав не е единствената пречка за тргање на ветото и почеток на преговорите со ЕУ.

Избрани нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

10/06/2026

На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесени кадровски решенија за повеќе од 30 претседатели на општинските комитети,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy