Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА СУМА ОД САМО 100 ИЛЈАДИ ЕВРА СЕ ПРОДАДЕ ЦЕЛАТА КОМПАНИЈА „ЕЛЕНИЦА“ НА СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВИ – кој ги купи сите акции?
Економија

ЗА СУМА ОД САМО 100 ИЛЈАДИ ЕВРА СЕ ПРОДАДЕ ЦЕЛАТА КОМПАНИЈА „ЕЛЕНИЦА“ НА СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВИ – кој ги купи сите акции?

07/06/2024

AA

Попладнево на Берзата помина блок трансакција со акциите на компанијата „Еленица“ Струмица, која се занимава со производство на цигли и ќерамиди, а која на домашната јавност и е позната по тоа што му припаѓа на семејството Заеви, на поранешниот премиер од СДСМ, Зоран Заев.

Според информациите од Берзата, попладнево поминала блок трансакција во копја се продадени 24.999 акции на компаниојата „Еленица“, и тоа за сума од 240 денари по акција. 

Односно, целата вредност на трансакцијата изнесува безмалку шест милиони денари, што, пак, е рамно на 97.557 евра.

Ако се провери колку акции има воопшто издадено „Еленица“, тоа се токму 24.999 акции, што значи дека преку Берзата вчера се продаде целата компанија „Еленица“ на семејството Заеви, за сума од безмалку 100 илјади евра.

Во изминатава година, немало тргување со акции на оваа струмичка компанија.

На Централниот депозитар не може да се види кои се точно сопственици на компанијата, бидејќи за тоа не ги исполнува условите.

Но, според податоците од Централниот регистар, станува јасно дека Еленица е компанија на семејството Заеви, бидејќи Вице Заев, брат на Зоран Заев, е член на Управниот одбор на компанијата, додека, пак, претседател на Управниот одбор на компанијата и генерален директор со неограничени овластувања е Трајче Заев, братучед на поранешниот македонски премиер. 

Впрочем, и Зоран Заев, а и Вице Заев, во нивните јавни настапи, не криеја дека ова семејство ја има во своја сопственост „Еленица“.

Инаку, Еленица минатата година имала остварено приходи од 185 милиони денари или тоа е рамно на 3 милиони евра, додека, пак, нејзината добивка е 20 милиони денари, или над 325 илјади евра, според податоците од ЦР. Ова е зголемување на добивката за 170 отсто во однос на 2022 година, но сепак, треба да се истакне дека Еленица во некои претходни години имаше и многу поивисоки суми на профити. ВМРО-ДПМНЕ, кои тоагаш беа во опозиција, обвинуваа и дека Еленица успеала да земе државна помош, заедно со другите домашни фирми погодени од корона кризата.

Според ЦР, оваа фирма има 53 вработени. 

А, она што е битно е дека таа има и големи обврски, и тоа 118 милиони денари, односно 1,9 милиони евра. 

Можеби и тоа е причината што Еленица се продаде за толку мала сума, односно за само нецели 100 илјади евра.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта

05/08/2026
Македонија

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026
Македонија

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата

05/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една

05/08/2026
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта на западнонилска треска

05/08/2026

Скоро сите регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава се лоцирани во Скопскиот регион и Велес, соопшти министерот за здравство

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026

Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата на водата во Гостивар

05/08/2026

Резултатите од анализата на водата за пиење во Гостивар ќе бидат објавени до 20 август, соопшти министерот за здравство Сашо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy