
За масакрот во Белград, 27 луѓе ќе бараат пари за душевна болка од семејството Кецмановиќ
Kaко што објави српски „Блиц“, 27 членови на семејствата на убиените деца, родители и браќа и сестри, во Основното училиште „Владислав Рибникар“ поднеле барање до Вишиот суд, кое пред неколку дена е одобрено.
Семејствата на децата кои загинаа во престрелката во училиштето го наведоа целиот имот на мајката на момчето убиец и побараа од судот да го забрани неговото отуѓување и продажба. Тие ќе бараат пари за предизвикување душевна болка поради смрт на блиско лице. Семејствата на тој начин евидентирале дека М.К. мајката на момчето убиец дели сопственост на 20 парцели од повеќе од 10.000 метри квадратни, коишто во катастарот се запишани како градежно и земјоделско земјиште во Параќин и Ниш.
Семејствата утврдиле дека М.К. има 50 отсто сопственост на две згради во Параќин и Ниш.
„Родителите на децата побараа од Народната банка да ги одземе парите од деловните сметки на мајката на момчето убиец и да ги проследи до извршителот кој ќе го блокира користењето на тие пари додека трае процесот на побарувања. Блокирани се сите пари, накит, хартии од вредност што ги поседува мајката“, вели изворот на „Блиц“.