Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За лето без проблеми – здравствени препораки за граѓаните
Македонија

За лето без проблеми – здравствени препораки за граѓаните

02/07/2023

AA

Со почетокот на летото и летните горештини здравствените работници советуваат граѓаните да бидат внимателни и да се заштиттат од силните сончеви зраци. Да не се излегува надвор без потреба во време кога сончевите зраци се најсилни, да се носи полесна облека, да се пие повеќе вода, да се штити кожата со крема за заштита од сонцето, дури и на поблиски дестинации. Лицата со повеќе бенки на телото треба да бидат особено внимателни во летниот период, нагласуваат медицинските лица.

Претседателот на Здружението на приватни лекари на Македонија, доктор Лилија Чолакова Дервишова за МИА изјави дека потребно е да се користат заштитни фактори, со цел граѓаните да се заштитат од јаките сончеви зраци.

– Временските услови нагло се променија, се покачија температурите, се зголеми УВ факторот. Пациентите мора да внимаваат да се заштитат од јаките сончеви зраци, да се користат заштитни фактори, да се заштити кожата, особено оние лица кои се побели и имаат помалку пигмент, рече таа.

Луѓето кои се изложени подолго време на високи температури, посочи Чолакова Дервишова, без заштитни средства, може да добијат кожни промени, кои можат да се движат од лесно црвенило, до опекотини од сончевите зраци.

– Но, може да се појават и промени кои се предканцерозни или кожни ракови/ планоцелуларен, базоцелуларен карцином. Оние лица кои имаат многу бенки по телото, исто така да ги заштитуваат со заштитни креми, најдобро да е со фактор 50, бидејќи може многу лесно таквата бенка да премине во малигна, истакна Чолакова Дервишова.

Таа додаде дека пациентот треба веднаш да се јави кај дерматолог, доколку забележи некаква промена кај бенките.

– Секој пациент кој ќе забележи промена на површината на бенката, границите, промена на бојата, дијаметарот, мора веднаш да се јави кај дерматолог и да се види под дерматоскоп каква е промената и навреме да се реагира, подвлече Чолакова Дервишова.

Таа ја истакна важноста да се пијат што повеќе течности за време на летниот период.

– Друг момент на кој треба да внимаваат пациентите, кога станува збор за вакви високи температури, е рехидратацијата, значи внос на течности, кои не се ладни, природни сокови, многу овошје, лесна храна. Никако да не се пијат многу ладни напитоци, тоа прави шок во човековиот организам, кој има нормалана температура од 36.5 до 37, апелираше Чолакова Дервишова.

Како што појасни Чолакова Дервишова, заради сите временски промени, одреден процент на пациенти имаат и почести вртоглавици. Им варира крвниот притисок, па затоа мора да се внимава со внесувањето на солена храна, да се консумира помалку сол, да се консумира помалку кафе.

– Алкохолни пијалаци да не се внесуваат на овие жештини, бидејќи дополнително ги прошируваат крвните садови и може да дојде до прскање на истите. Многу поризично е ако се пациенти со хронични болести и склеротични крвни садови, нагласи Чолакова Дервишова.

Многу важни се и прошетките, кои треба да се практикуваат наутро или навечер, а не во време кога надвор е најтопло. Да се движиме под сенка кога околностите го дозволуваат тоа.

– Движењето е основно за да биде некој здрав, да потрошат мускулите шеќер кој е вишок во организмот. Затоа препорачувам движење по десет километри секојдневно, но, или рано наутро или во попладневните часови, рече таа.

Оние кои сакаат да влезат во базен, река, езеро или море, со цел да се освежат од неподносливите горештини, потребно е да му дозволат на нивното тело да се прилагоди на температурата во водата. Да не се влегува веднаш во водата, притоа не давајќи му можност на телото да се навикне на промената.

– Пливање во локалните базени или езера, никогаш нагло да не се влегува во водите, туку постепено со прилагодување на телото со температурата на водата, препорача Чолакова Дервишова.

Доколку се послушаат советите на лекарите, најверојатно ќе се помине и ова лето во добра кондиција и добро расположение. А во меѓувреме, граѓани на социјалните мрежи препорачуваат да не се патува во лето за време на најжешките часови, доколку патувањето може да се одложи. Како што велат, никогаш не можеш да бидеш сигурен дали превозот ќе биде климатизиран или не.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ГРИП ПОЧНУВА ОД 16 ДО 25 ОКТОМВРИ Пријавувањето

13/10/2026
Македонија

ЈА ОТКРИЛЕ ДЕКА ЛАЖЕ ОТКАКО ПРИЈАВИЛА КРАЖБА НА НАКИТ ОД

13/10/2026
Македонија

ПРИОРИТЕТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ БИЛ ДА СПАСУВААТ ЛУЃЕ, НЕ ДА ГАСНАТ

13/10/2026
Македонија

НЕЧОВЕЧКИТЕ УСЛОВИ ВО ПСИХИЈАТРИСКИТЕ УСТАНОВИ МОРА ДА СТАНАТ МИНАТО Реконструирано

13/10/2026
Македонија

ГРУБИ ДЕНЕСКА ИЗЛЕГУВА ОД КУЌЕН ПРИТВОР Понуди гаранција од 335.707

13/10/2026
Македонија

КОЧАНСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА МИХАИЛОВА Судот може да издаде

13/10/2026
Македонија

ДЕТЕ ОД 9 ГОДИНИ ПРЕТЕПАНО НА ИГРАЛИШТЕ ВО ТЕТОВО Mалолетници

13/10/2026
Македонија

JA ПРОГОЛТАЛ ДРОГАТА ДОДЕКА БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА Морале да го

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46137
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ГРИП ПОЧНУВА ОД 16 ДО 25 ОКТОМВРИ Пријавувањето оди преку „Мој термин“

13/10/2026

Првите 30.000 вакцини против сезонски грип се пристигнати, а втората тура, односно 26.000 вакцини, треба да пристигне до 15 ноември.

ЈА ОТКРИЛЕ ДЕКА ЛАЖЕ ОТКАКО ПРИЈАВИЛА КРАЖБА НА НАКИТ ОД 3.000 ЕВРА Кривична за 24-годишна

13/10/2026

24-годишна дебарчанка е кривично пријавена за лажно пријавување кривично дело, откако тврдела дека крадци ѝ влегле во куќата и ѝ

ПРИОРИТЕТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ БИЛ ДА СПАСУВААТ ЛУЃЕ, НЕ ДА ГАСНАТ ВО „ПУЛС“ Купот заглавени луѓе

13/10/2026

Влезната врата на дискотеката „Пулс“ била целосно блокирана од заглавени лица до височина од главата на пожарникарот, а за извлекување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy