Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За инвестираните 104,1 милиони евра во изминативе 5 години, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан го прогласи „Алкалоид“ за водечки инвеститор во регионот
Економија

За инвестираните 104,1 милиони евра во изминативе 5 години, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан го прогласи „Алкалоид“ за водечки инвеститор во регионот

30/03/2023

AA

По
повод петгодишнината од
формирањето, Коморскиот инвестициски форум
на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован
од Европската Унија, на почетокот на 2023 година објави
повик за учество во регионалниот натпревар
отворен за компании од шесте земји членки. Рангирањето
на апликациите, поделени во 6 категории, беше направено од комисија составена
од по еден претставник од шесте стопански комори на
Западен Балкан и претставник од канцеларијата на Коморскиот инвестициски форум

Првата
награда во категоријата „Водечки
инвеститор (шампион)во земјите од
Западен Балкан“ му беше доделена на „Алкалоид“ АД Скопје, презентирана
на пригодна церемонија организираназа оддавање признанија за достигнувањата
на најдобрите и најуспешните компании во регионот.

Имајќи го предвид значењето на континуираното инвестирање
и унапредување во сите сегменти од работењето, високо позиционирано како една
од клучните стратешки определби во деловната политика на „Алкалоид“, оваа
награда претставува уште една значајна потврда за достигнувањата на компанијата: 

„Во својата долга историја, ‘Алкалоид’ минал низ бројни
предизвици, но една фактичка констата во текот на деветдеценискиот развој биле
инвестициите, кои во изминативе три децении се насочени кон градење и
проширување на производствените капацитети, капацитетите за истражување и
развој, инсталирање на модерна опрема, лаборатории, технологии, модерен софтвер
и добро обучен кадар. Само во изминативе 5 години, инвестиравме 104,1 милиони
евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги нашите операции за целите на
подобро водење на дејноста од нашата база во Македонија. На овој курс сме
решени да останеме и во иднина, работејќи на глобализација на брендот
‘Алкалоид’, достоинствено и посветено, со практикување на високи етички
стандарди, кредибилиет и професионален пристап во севкупните операции“ – изјави
Генералниот директор/ Претседател на УО на компанијата, Живко Мукаетов.

Коморскиот
инвестициски форум е заедничка иницијатива на стопанските комори на
земјите од Западен Балкан, кооснован од Европската Унија, која
ги претставува интересите на повеќе од 350.000 компании во насока на спроведување на заеднички активности кои се од интерес за
бизнис-заедницата од регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy