Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За  дом во строгиот и загаден центар на Скопје 2.200 евра за квадрат: Има ли крај на поскапувањето на становите
Македонија

За дом во строгиот и загаден центар на Скопје 2.200 евра за квадрат: Има ли крај на поскапувањето на становите

24/11/2023

AA

Над 2.000 евра за метар квадратен скокнаа цените на становите во центарот на Скопје, иако пазарот на недвижности регистрира намалена, односно забавена побарувачка на станови во однос на 2022 година.

Понудата е зголемена, посебно на постарите градби, но нивните сопственици во време на пораст на цените сакаат да ги продадат што повеќе.

„Продавам стан од 69 м2 за 150.000 евра во Капиштец, реновиран е, се продава наместен“, стои во скоро објавен оглас на агенција за недвижнини која продава станови во градба и половни станови во сопственост на физички лица.

Друг стан од 80м2 во близина на Сити Мол се продава 140.000 евра, а за тоа се добива една спална соба, паркинг пред зграда и преубав поглед бидејќи станот се наоѓа на осми кат.

Цената на квадратен метар за новоградба која треба да никне за година две во централниот дел на Скопје се приближи до 2.200 евра.

„Се продаваат станови во изградба во Центар од 31 м2 до 95м2. Готови крај на 2024, почеток на 2025 година. Цена 2.200 евра. Предимотни листови во декември“, гласи објавата на оглас во една од најголемите групи на Фејсбук посветена на продажба на недвижен имот.
Во населбата Аеродром се продава стан од 58м2 во близина на поликлиниката „Јане Сандански“ кој е проценет на 100.000 евра.

Во исто време скокнаа и цените на кириите за изнајмување станбен простор за живеење. Еден стар во Центар чини 400е за еднособен до 500 евра за двособен стан. Во близина Клинички центар киријата за стан од 40м2 е 250 евра, додека за луксузно наместен стан од околу 50м2 се плаќа 600 евра.

Многу е тешко да се извадат просечни цени бидејќи кај становите има голем распон на закупнини во зависност од опременоста, локацијата, квалитетот на станот, зградата во која се наоѓа станот како и повеќе други фактори.

Оваа година цените на становите постојано се зголемуваа, а тоа го покажуваат податоците на Народната банка. На крајот од третиот квартал заклучно со 30 септември, цените рипнале за 11 отсто на годишно ниво, односно на 2,9% повеќе во однос на вториот квартал.
Најголем раст на цените имаше во првиот квартал, дури 18,8% на годишно ниво, односно за 6,2% повеќе во однос на истиот период во 2022 година. Во вториот квартал имаше раст од 13 отсто.

Ако се споредат податоците од 2022 година кога растот на цените квартално беше 12,4%, 16,5%, 21,3,%, се гледа дека во однос на лани има тренд на забавување на растот, но цената се уште расте.

„Анализата на динамиката посочува на забрзување на растот во текот на годината, така што просечната годишна стапка се зголеми од 14,4 проценти во првото на 20,9 проценти во второто полугодие на годината. Од крајот на 2022 година, растот на цените на становите почна да забавува, што продолжи и во првата половина на 2023 година, иако сѐ уште е на повисоко ниво (12,9 проценти во вториот квартал на 2023 година)“, се вели во извештајот за финансиска стабилност во Македонија кој го изработува Народната банка.

Експертите сметаат дека после пандемијата со коронавирусот имало зголемена побарувачка која заедно со неизвесноста од војната во Украина и растот на цените материјалите, посебно на железото, предизвика цените да се вивнат до небо.

Очекувањата се дека во следната година ќе се смири пазарот на недвижности затоа што побарувачката е намалена, а понудата е речиси двојно зголемена.

„Понудата на нови станови и натаму се зголемува, што речиси во целост се јавува поради зголемениот број станбени згради во градба. Во првите три квартали од 2022 година, просечната понуда на станови достигна 25.901 стан, што е зголемување од 13,9 проценти во споредба со истиот период од претходната година“, се вели во извештајот на Народната банка.

Во извештајот се вели дека „движењата на пазарот на недвижности засега не упатуваат на постоење опасност од евентуално поостро свртување на циклусот и брза и силна надолна корекција на цените, што може да влијае врз ликвидноста на пазарот и следствено врз ликвидноста на заложените недвижности кај банките“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски со отчет: Од хаос и милионски тужби, изградивме дигитален

27/06/2026
Македонија

МВР со нов Закон за оружје: Помалку бирократија, поголема безбедност

27/06/2026
Македонија

Пронајдена е 77 годишната Божа од скопско Орешани

27/06/2026
Македонија

СДСМ: Две години мандат на Тошковски донесоа распад на безбедносниот

27/06/2026
Македонија

Никогаш не трчајте кон излезот и не користете лифт: Ова

27/06/2026
Македонија

Силните потреси во Венецуела предупредување и за Македонија: Подготвеноста спасува

27/06/2026
Македонија

Тошковски со отчет: Нема недопирливи, градиме безбеден систем

27/06/2026
Македонија

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43982
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски со отчет: Од хаос и милионски тужби, изградивме дигитален систем во служба на граѓаните

27/06/2026

Од субстандардни услови, дезорганизираност и милионски долгови, до институција за респект која испорачува реални решенија за граѓаните. Вака министерот за

МВР со нов Закон за оружје: Помалку бирократија, поголема безбедност и дигитализација на услугите

27/06/2026

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се спроведуваат клучни реформи во оваа

Пронајдена е 77 годишната Божа од скопско Орешани

27/06/2026

Доцна ноќеска е пронајдена исчезнатата 77 годишна Божа Каракушева. Се работи за лице кое боледува од деменција, а исчезна вчера

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy