Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 “Зајакнување на општинските совети”: Жителите на Кисела Вода избраа финасирање на проект од областа на живoтната средина
Македонија

“Зајакнување на општинските совети”: Жителите на Кисела Вода избраа финасирање на проект од областа на живoтната средина

22/11/2023

AA

Граѓаните избраа животна средина, како област во која сакаат да биде реализиран проект кој ќе биде спроведен во рамките на “Зајакнување на општинските совети”, проект што го реализира Кисела Вода во соработка со УНДП, а го финансира Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа. Денешната прва форумска сесија ја отвори градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

– Преку “Зајакнување на општинските совети” се обезбедуваат средства со кои може да се реализира проект за кој имаат потреба нашите жители. Тие ја бираат областа, тие го бираат проектот. За Општина Кисела Вода ова е уште еден чекор во постојаната борба за интегрирање на граѓаните во процесот на донесување одлуки. Транспарентното и одговорното креирање на политиките за нас има суштинско значење. Идеите и сугестиите на граѓаните и нашата реализација се она што ја прави општината Кисела Вода успешна. Токму затоа сметам дека е важно нашите жители да бидат активно вклучени во креирањето на политиките што ги засегаат, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски во своето обраќање, заблагодарувајќи им се на УНДП, на Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа.

Збор зеде и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Иван Живковски.

-Транспарентните општини каква што е Кисела Вода, обезбедуваат податоци и информации за своите активности и одлуки. Ова им овозможува на граѓаните да бидат подобро информирани за тоа како се трошат јавните пари и како се донесуваат одлуките што влијаат на нивниот живот. Исто така, граѓаните можат да се вклучат во процесите на одлучување преку давање на идеи, совети и мислења. Сепак, во цел тој процес, неопходна е поддршката на добрите проекти од страна на советниците. Затоа е потребна координирана соработка на советот со градоначалникот, како и со граѓаните. Проектот “Зајакнување на општинските совети” ги овозможува сите горенаведени постулати, а не треба да се заборави ни дека во негови рамки се изврши и обука на советниците и дел од аминистрацијата, со цел нивно поефикасно функционирање-истакна Претседателот на Советот Иван Живковски.

По воведните обраќања, следеше презентација на проектот и дефинирањето на приоритетите од страна на граѓаните кои одговорија на јавниот повик на Општина Кисела Вода за нивно учество во форумската сесија. Беа дискутирани предизвиците со кои се соочуваат, беа нудени соодветни решенија. Овие идеи се базата врз која ќе се гради проектниот концепт од кој на следните форумски сесии ќе произлезат предлог проектите од сферата на животната средина, бидејќи така одлучи мнозинството од присутните граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy