Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ – еве какви решенија нуди Левица
Економија

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ – еве какви решенија нуди Левица

28/04/2024

AA

Политичката парија Левица во својата програма, како што и се очекува од партија со таков идеолошки предзнак, нуди прогресивен данок, и тоа и кај личниот доход, односно персоналецот, и кај данокот на добивка.

Еве колку би изнесувале тие два данока, кои сега се еднакви и изнесуваат по 10 проценти. 

Кај платите, за дел од нив би се плаќале и пониски даноци, и тоа до минималната плата би се плаќал персонален данок од 5 отсто, а од минималната која е 330 евра, до 550 евра, стапката би изнесувала 7,5 отсто.

Потоа, од оваа граница, до плата од 1.110 евра, данокот би биле колку сегашниот, 10 отсто. 

И потоа доаѓа зголемувањето. Од 1.100 до 2.200 евра би бил 12,5 отсто, а до 3.300 би бил 15 проценти. 

И се така нагоре, па до 7.700 би изнесувал 35 отсто персоналец, а оние што земаат над 7.700 евра данокот на личен доход би бил 40 проценти.

Во делот на данок на добивка, тој би бил 10 отсто само за профити до 12 илјади евра. Над тоа до 24 илјади е вра би изнесувал 12,5 отсто.

Прогресијата продолжува, па за добивка од 108.001 евро данокот би бил 32,5 отсто, а над 120.000  евра би изнесувала даночната стапка 35 проценти. 

Ќе има и нови корпоративни даноци за богаташите, олигарсите и капиталистите. и тоа данок на експлоатација, данок на екстра профит, данок на богатство, како и данок на луксуз – за екстремно скап накит, облеки, обувки, слики, коли, јахти, хациенди, воздухоплови и слично.

Познато е дека вакви пари, богатства и профити имаат моќните директори и големите компании во земјава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026
Македонија

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство

07/09/2026
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
Македонија

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот

07/09/2026
Македонија

Град Скопје се пофали: Потпишавме договор, ќе имаме 3.300 нови

07/09/2026
Македонија

Случај „Државна лотарија“: Обвинителството најави 231 доказ, одбраната вели: Груби

07/09/2026
Македонија

Нискиот опфат на вакцинација го става Прилепскиот регион пред ризик

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45532
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026

На 06.09.2026 во 05:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Затвор Идризово е пријавено дека во установата бил пронајден

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026

На 06.09.2026 околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште,

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство и консензус

07/09/2026

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy