Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За 6 месеци наплатени 30,9 милиони евра од патарини во Македонија
Македонија

За 6 месеци наплатени 30,9 милиони евра од патарини во Македонија

28/07/2025

AA

Според податоците на ЈПДП, во првата половина од 2025 година од патарина се наплатени речиси 1,9 милијарди денари, што е зголемување од 78 милиони денари во однос на истиот период минатата година.

Инаку, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) објави јавен повик за склучување договори со правни лица за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со електронски уреди М-ТАГ. Ова следува по последните измени на Законот за јавни патишта, со кои се овозможува проширување на мрежата за достапност на уредите и надвор од просториите на самото претпријатие.

Правните субјекти што ќе бидат избрани ќе имаат обврска да обезбедат микробранови транспондери (ТАГ) што работат на фреквенција од 5,8 GHz, во согласност со европските стандарди. Дополнително, потребен е и веб-базиран апликативен софтвер за активација, следење и управување со уредите, кој мора да биде целосно интегриран со постојниот систем за електронска наплата на патарина.

Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, изјави дека целта на повикот е зголемување на ефикасноста и безбедноста во сообраќајот, намалување на гужвите на наплатните станици и спречување на евентуални злоупотреби.

„Очекуваме дека со проширувањето на мрежата на М-ТАГ уреди, ќе го олесниме патувањето на граѓаните и ќе создадеме поефикасен систем“, додаде Трајановски.

Електронскиот систем за наплата на патарина беше воведен во 2019 година на делови од Коридорите 8 и 10, а моментално е активен и на целосно автоматизирани наплатни станици како Глумово и Желино. Во тек е изработка на проектна документација за воведување на затворен систем на Коридор 8 и реконструкција на станицата Миладиновци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy