Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА 10 ГОДИНИ ЌЕ НЕМА КОЈ ДА ПОПРАВА ОБУВКИ: Чевларите се песимисти за иднината на нивниот занает
Економија

ЗА 10 ГОДИНИ ЌЕ НЕМА КОЈ ДА ПОПРАВА ОБУВКИ: Чевларите се песимисти за иднината на нивниот занает

03/06/2024

AA

Живееме во
времe кога на многу занаетчии добро им оди, солидно заработуваат, но
чевларите не се оптимисти и велат дека во иднина прашање е дали ќе има кој да
поправа чевли. 

Велат дека едвај
опстануваат. Крпат крај со крај, а за многу од нив, работното време е повеќе од
8 часа на ден, така што дуќаните ги отвораат рано наутро, а дома си одат во
попладневните часови. Повеќето чевлари семејно со генерации се занимаваат со овој занает.

„Имам 63 години и занаетот го наследив од татко ми. Овој занает одамна е мртов. Работа има, но
при крај сме со работниот век. За 10 години нема да има чевлари, ќе нема кој да
поправа чевли. За поправка на обувки повеќе има работа во есен и зимно време.
Сега во летно време има замена на флехни, потпетици. Има денови кога нема да
поминат 15, но ќе поминат 5-6 муштерии, колку да однесеме некој денар дома“,
вели Зоран Никифоровски – Шпанац, чевлар од Скопје.

Чевларите кои ги прашавме за мислење, велат дека трошоците се високи, купуваат
материјали за работа, а услугите се евтини. Многу граѓани поради напливот на
евтини обувки на пазарот, не ни практикуваат истите да ги поправаат, затоа што
сметаат дека не се исплати, односно попрво ќе си купат нови. Од друга страна, внимание
посветуваат на скапите обувки и нив ги носат на поправка на чевлар.

„Поправката е
скапа, материјалот е скап, а колку пари ќе земеш? Јас работам 34 години, а
дуќанот ни постои повеќе од 40 години. 
Дали работиш или не работиш, давачките си течат. Скапите чевли не ги
фрлаат, ги поправаат. Но, не може да се опстане со овие давачки. Некои носат
обувки за лепење, шиење, секој различно“, додава Решат Азизи, чевлар од
Куманово.

Откако чевларите
ќе заминат во пензија, ретко кој продолжува со занаетот. Во некои од
македонските градови воопшто нема дуќани за поправка на чевли. Ако некој граѓанин
има потреба од поправка на обувки, треба да оди во соседен град.

„Чевларството е
еден од занаетите кои се во изумирање, односно поправка на чевли, а за 10
години или помалку ќе нема кој да поправа чевли. Ќе мора да се направи
стратегија, да се ослободат од придонеси, како мерка тоа го предлагаме подолго
време, за да може услугата да си продолжи“, рече Анета Атанасовска, извршна директорка на Занаетчиската комора
Скопје.

Податоците покажуваат дека има намалување на бројот на дуќани. Атанасовска вели дека во Скопје сега се активни осум чевлари
кои вршат поправка на чевли, а пред 10 години биле 30, при што дел од нив имале
и производство на чевли.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/master1305

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Денес до 38 степени: Македонија под силен топлотен бран

28/06/2026
Македонија

Ги оставала децата да спијат во автомобил додека била на

28/06/2026
Македонија

Продолжува сообраќајниот колапс на „Богородица“: Се чека и до четири

28/06/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
Македонија

Доаѓа топлотен бран во Македонија, какво време ќе имаме во

27/06/2026
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43994
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Денес до 38 степени: Македонија под силен топлотен бран

28/06/2026

Македонија ја очекува уште еден ден со високи температури и сончево време, при што живата во термометрите во одделни делови

Ги оставала децата да спијат во автомобил додека била на работа – стружанка доби кривична

28/06/2026

ОВР  Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање

Продолжува сообраќајниот колапс на „Богородица“: Се чека и до четири часа

28/06/2026

Сообраќајниот метеж на јужната граница повторно ескалира. Од вчера попладне на граничниот премин Богородица, на влез во Македонија, се формираа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy