
Вулканот Попокатепетл еруптираше
Во Мексико, вулканот Попокатепетл исфрли гас, чад и пепел и ги принуди властите да ја прекинат наставата во три држави.
Еден ден претходно, владата го подигна нивото на тревога поради зголемената активност на вулканот во изминатата недела. Летовите беа привремено суспендирани на двата аеродроми во мексиканската престолнина во текот на викендот.
Сè уште не е наредена евакуација, но властите ги предупредуваат луѓето да не ги напуштаат своите домови во радиус од 12 километри околу планината. Околу 25 милиони луѓе живеат во радиус од 100 километри околу вулканот.
