
ВУЧИЌ ЗЕДЕ ПОЛОВИНА ОД ЛЕБОТ, А ПОТОА И ОД МОЈОТ ДЕЛ: Сниша Мали откри што се случувало зад камерите за време на појадокот
– Претседателот
Вучиќ зеде половина леб, а потоа зеде четвртина од мојот леб и го изеде и тоа“,
изјави српскиот министер за финасии,
Синиша Мали како одговор на коментарите на опозицијата дека српскиот претседател Александар Вучиќ не јадел
сендвич со паризер со
намалена цена.
Истовремено, тој
наведува дека мерките на
државата се донесени за доброто на сите граѓани. Во малопродажните синџири во
Србија можете да купите 20 основни производи за исхрана, хигиена и хемикалии за
домаќинство по пониски цени.
Вучиќ најави и дека граѓаните следната недела треба да
очекуваат намалување на цените за уште најмалку 10 производи.
– Сакаме да ја потиснеме инфлацијата токму сега кога
значително ги зголемуваме платите и пензиите. Сакаме да покажеме грижа за
обичните луѓе – објави Вучиќ на Инстаграм.
Мали потсети и на зголемувањето на платите и пензиите и рече
дека се зголемува животниот стандард.
„Во првите шест месеци од оваа година, во споредба со лани,
пензиите се повисоки за 6,3 отсто. Платите се исто така позитивни реално. Се
трудиме секогаш да бидат над инфлацијата, со што ќе го заштитиме животниот
стандард на српските граѓани. Разликата
меѓу цените и платите и пензиите ќе биде уште поголема, така што до крајот на
годината инфлацијата ќе биде 8 проценти, а следната година 4,4 проценти. Со ова зголемување на платите и пензиите,
најлошото е зад нас“, рече министерот, наведува Б92.