Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВУЧИЌ ПРОГЛАСИ ТРИУМФ, ОРБАН ПРВ ЧЕСТИТАШЕ: За опозицијата изборите се „кражба без преседан“
Регион

ВУЧИЌ ПРОГЛАСИ ТРИУМФ, ОРБАН ПРВ ЧЕСТИТАШЕ: За опозицијата изборите се „кражба без преседан“

18/12/2023

AA

Српскиот
претседател Александар Вучиќ, чие име беше на изборната листа на владејачката
Српска напредна партија (СНС), синоќа
изјави дека освоил апсолутно мнозинство на предвремените парламентарни избори и
дека СНС победила на изборите во Белград. Според проекциите на Ипсос, листата
на Вучиќ освои 128 од 250 мандати во српскиот парламент.

Вучиќ во изборниот штаб на СНС рече дека врз основа на
досега преброените два милиони гласови, СНС никаде во Србија не добила помалку
гласови отколку на изборите пред една година, туку 10 отсто повеќе отколку во
2022 година.

Листата
„Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освои 38,5 отсто од гласовите на
изборите за градското собрание на Белград, а на второ место е листата „Србија
против насилството“ со 35 отсто поддршка од гласачите, рече тој. Следува
конзервативната коалиција НАДА со шест отсто од гласовите, Социјалистичката
партија на Србија (СПС) на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ ќе има 5,4 отсто,
а листата на доктор Бранимир Несторовиќ околу 5,1 отсто.

Ова се најновите
резултати

Државната изборна комисија (ДИК) утрово ги објави последните
резултати од вчерашните избори во Србија. Врз основа на обработени 7.561 од
8.273 избирачки места, објавени се резултатите за парламентарните избори.

Како што е наведено на сајтот на ДИК, апсолутно мнозинство на
парламентарните избори имаше листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да
застане“, која освои 47,24 отсто од гласовите.

Следи листата „Србија против насилството“ која освоила 22,86
отсто од гласовите, потоа Социјалистичката партија на Србија – 6,67, додека „Надеж
за Србија“ има 4,94 отсто. Следува листата „Ние – гласот на народот – Бранимир
Несторовиќ“ со 4,63 отсто, додека Милица Ѓурѓевиќ Стамнековски – Бошко
Обрадовиќ имаат 2,8 отсто од гласовите.

Унгарскиот
претседател Виктор Орбан, кој важи за близок пријател на Вучиќ, прв му ја
честиташе победата.

#Serbia will not stop! Congratulations to President @avucic and members of his list on their overwhelming election victory!

— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) December 17, 2023

„Србија нема да
застане! Им честитам на претседателот Вучиќ и на членовите на неговата листа за
убедливата изборна победа!“, напиша Орбан на својот официјален Твитер профил.

За српската опозиција, овие предвремени избори се „кражба без преседан“ и за денеска во 18 часот најави големи протести.

ФОТО: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy