Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВУЧИЌ НАВРЕДИ НОВИНАРИ: Ги нарече имбецили, па се извини
Регион

ВУЧИЌ НАВРЕДИ НОВИНАРИ: Ги нарече имбецили, па се извини

03/03/2025

AA

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се извини затоа што дописниците на Радио Телевизија на Србија (РТС) од Ниш ги нарече „имбецили“, но додаде дека тие „не се новинари, туку навреда за нивната професија“.

Како што пренесе Бета, Вучиќ во своето извинување објасни дека нема право никого да нарекува имбецил, но и дека „подеднакво лошо мисли за професионалноста и објективноста на споменатите новинари“.

„Верувам дека во ова мое извинување луѓето ја гледаат разликата, не само во одговорноста, туку и во почитта што ја покажувам кон луѓето кои размислуваат поинаку. Верувам дека луѓето ја гледаат разликата во однос на оние опозициски политичари кои се закануваат со смрт, целосно свесно и без волја и желба да се извинат, но и разликата во однос на лицемерниот колегиум на РТС кој не го осуди физичкото попречување и нападот на екипа на РТС за време на протестот на 1 февруари во Нови Сад, ниту претходно во Автокоманда“, изјави српскиот претседател.

Вучиќ оцени дека „пленумот победил на РТС“, а неговата работа како претседател на државата е „да направи да победи правото и моралот во Србија“.

Програмскиот колегиум на РТС и редакцијата на Дописиштвото на јавниот сервис од Ниш ја осудија изјавата на Вучиќ, кој на митингот во Бор ја навреди новинарката на РТС Лидија Георгијев нарекувајќи ја „имбецил“. Во Србија со месеци има протести, откако лани на 1 ноември се урна натстрешница во Нови Сад и уби 14 луѓе на лице место. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува

01/11/2026
Македонија

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији

01/11/2026
Македонија

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница

01/11/2026
Македонија

Мицкоски по поразот во Брвеница: „Ние со програма, тие со

01/11/2026
Македонија

КОВАЧКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈАХИЈ ЗА ПОБЕДАТА ВО БРВЕНИЦА Од

01/11/2026
Македонија

КАНДИДАТОТ НА ДУИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА СО РАЗЛИКА ОД 201

01/11/2026
Македонија

ВРЕДИ ОДИГРА УЛОГА НА ТРОЈАНСКИ КОЊ ВО БРВЕНИЦА Стојаноска оцени

01/11/2026
Македонија

МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46495
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува поддршката од Владата за општината

01/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на жителите на општина Брвеница кои го дале својот глас за кандидат Стојанчо Радичевски, кој загуби

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији освоил 4.442 гласови, а Радичевски

01/11/2026

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, предводена од ДУИ, е победник на предвремените избори за градоначалник во Општина

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница дека ќе ја имаат поддршката

01/11/2026

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy