ВУЧИЌ НА ГАЛА ВЕЧЕРА – набргу германските компании ќе вработуваат повеќе од 100.000 српски граѓани
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на првата гала вечера на Германско-српската стопанска комора (АХК) во хотелот Хилтон во Белград.
Германски фирми дојдоа кај нас, тие фабрики вработуваат наши работници и инженери. Денеска 8,3 милијарди евра ни е трговската размена – рече во таа прилика Вучиќ.
Според него, се очекува 100.000 луѓе од Србија да најдат работа во германски компании.
– Побрзо напредувавме благодарение на германските компании кои меѓу другото ни ги променија навиките – рече Вучиќ и посочи дека тоа се пресвртни точки.
Како што истакна, важно е да продолжи соработката со германските компании.
Оваа деловна организација брои повеќе од 400 членови, а германските компании во Србија вработуваат повеќе од 70.000 луѓе. Германија е најголемиот индивидуален инвеститор во Србија, изјави Милан Грујиќ, првиот човек на АХК во Србија на првата гала вечера на АХК Србија (Германско-српска стопанска комора).
Според него, повеќето од анкетираните компании би се одлучиле повторно да инвестираат во таа земја.
Трговската размена, посочи, расте се повеќе и повеќе.
Тој им се заблагодари на српската бизнис заедница и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за поддршката.
– Успехот поврзува – го посочи на крајот мотивот на АХК.
Како што претходно беше најавено, целта на овој настан е продолжување на успешниот развој и зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.
Извор: Новости
Фото: Инстаграм