Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Врнежите снег предизвикуваат проблеми во сообраќајот, воведена забрана за камиони на неколку патни правци
Македонија

Врнежите снег предизвикуваат проблеми во сообраќајот, воведена забрана за камиони на неколку патни правци

20/01/2024

AA

Врнежите од снег од утринава предизвикуваат проблеми во сообраќајот на државните патишта, а на неколку патни правци воведена е и забрана за автобуси и тешки товарни возила.

Поради силен ветар и големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до граничниот премин Јажинце од 08:40 часот е воведена забрана за автобуси и тешки товарни возила, додека останатите возила мора да имаат задолжителна зимска опрема.

Забрана за ТТВ е воведена и на патниот правец од Гостивар кон Стража и Кичево и на патот од Маврово кон Дебар.

Забрана за автобуси од 05:00 часот има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, а за другите возила задолжителна е зимската опрема (ланци).

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Од јавното претпријатие „Македонијапат“ апелираат до учесниците на сообраќајот да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја прилагодат брзината кон условите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво.

– Службите на Ј.П. Македонијапат ќе бидат постојано на терен, во потполна подготвеност и ќе ги одржуваат сите патни правци да бидат проодни, велат од ова јавно претпријатие.

Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекуваат обилни врнежи од снег и ниски температури проследени со појава на северен ветер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
Македонија

ИНФЕКЦИИ, ОТПОРНОСТ НА АНТИБИОТИЦИ И ОПАСНОСТ ЗА ЗДРАВЈЕТО: Пронајдена опасна

03/08/2026
Македонија

Приведен стружанец во Ташмаруништа: Навредувал јавни личности на прославата за

03/08/2026
Македонија

Се одбележување Светската недела на доењето: Одржлив почеток во животот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44832
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија нелегално преминале граница и биле

03/08/2026

Двајца пратеници од бугарската партија Преродба, и покрај важечка судска забрана за влез во државата, минатата недела присуствувале на судење

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен котел

03/08/2026

На 02.08.2026 во 07:54 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во периодот помеѓу 01/02.08.2026 до 08:00 часот во

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е пренесено во Скопје

03/08/2026

На 02.08.2026 година во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy