
Врнежите од снег ќе продолжат на места и денеска, ќе дува и засилен северен ветер
Oблачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h).
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
