Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Врховниот суд: Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди
Македонија

Врховниот суд: Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди

13/09/2023

AA

Одделот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница ги разгледа измените на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, објавен во Службен весник на Република Северна Македонија бр.188/23 од 07.09.2023 година. На денешната седница беа разгледани и измените во врска со злоупотребата на службената положба и овластување.
На седницата беше истакнато дека подготвувањето на законски измени кои имаат влијание врз судските постапки мора да биде спроведено низ транспарантен процес преку јавна дебата и стручна расправа.„Во Врховниот суд од страна на Министерството за правда не беа доставени на мислење предметните измени на Кривичниот законик. Со тоа беше оневозможено Врховниот суд да даде мислење за донесените законски измени кои претставуваат прашање од висок јавен интерес. Врховниот суд смета дека донесувањето на законски измени без транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа е спротивно на заложбите за реформи на законодавството во согласност со европските стандарди. Врховниот суд на Република Северна Македонија секогаш давал поддршка на законски решенија кои придонесуваат за ефикасна борба против корупцијата и криминалот и поаѓајќи од тие заложби и во минатото немал забелешки за висината на казните за предметните кривични дела, ниту предложил нивно ублажување“, беше заклучено на денешната седница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем

22/07/2026
Македонија

ФОТО Застој на обиколница, превртена приколка од камион кај Волково

22/07/2026
Македонија

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026
Македонија

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Навален крстот на црквата „Св. Јован Крстител“ во Скопје

22/07/2026
Македонија

Министерството за локална самоуправа обезбеди 50.000 литри вода за пиење

22/07/2026
Македонија

Општина Центар во вонредна мобилизација по невремето: Герасимовски ја вклучува

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44575
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем економски развој

22/07/2026

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ денеска официјално отвори своја оперативна база на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Со отворањето на

ФОТО Застој на обиколница, превртена приколка од камион кај Волково

22/07/2026

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на скопската обиколница, во близина на клучката кај населеното место Волково, каде товарен камион со

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, што претставува раст од 8,2 проценти во споредба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy