Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Врховниот суд донесе одлука за две од трите судијки кои постапуваа во случајот Телеком, конечна одлука се чека од Републичкиот судски совет
Македонија

Врховниот суд донесе одлука за две од трите судијки кои постапуваа во случајот Телеком, конечна одлука се чека од Републичкиот судски совет

30/07/2025

AA

Врховниот суд донел одлука за две од трите судијки од Апелација кои беа членови на Судскиот совет во случајот Телеком и ја преиначија одлуката, донесена во првостепената постапка. Изјава од Врховен суд.

„На ден 09.07.2025 година се одржаа седници на сите три жалбени совети формирани од страна на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по три жалби од судии на Апелационен суд Скопје. Во 2 предмети е донесена одлука, а еден од предметите е одложен за 03.09.2025 година”, велат од Врховниот суд.

Сега за предметот повторно треба да се изјасни Републичкиот судски совет, кој треба да донесе конечна одлука, односно да ја потврди или да ја дополни првичната одлука. Републичкиот судски совет

Оттаму чекаме одговор, кога ќе биде закажана седницата на која ќе се разгледува овој предмет.

Одлуката на Апелација да ја преиначи првостепената пресуда беше разгледувана од страна на Републичкиот судски совет, по што беше усвоен извештај во кој беа констатирани низа незаконитости во постапката. При постапката во РСС утврдено е дека постојат фалсификувани записници, а најдени биле и докази кои ги нема во списите на Основниот суд. Исто така, пресудата со која се преиначува првостепената одлука била донесена без одржување на јавна расправа, што е спротивно на Законот за парнична постапка.

Републичкиот судски совет донесе одлука за разрешување на судијките членови на Судскиот совет во овој случај, Наташа Савовска Димитровска, Роза Георгиева и парична казна за Јетмире Ајдини Бошњаку. На оваа одлука тие упатија жалба до Врховниот суд. на одлуката на РСС за разрешување и за парична казна.

Дополнително Основното јавно обвинителство ја забрзува истрагата за случајот, откако министерот Александар Николоски, како претставник на државниот удел во Македонски телеком, го пријави случајот во оваа институција. Од ОЈО велат дека :

„Во предметот се преземени повеќе дејства и испитани се повеќе лица. Воедно прибавен е целокупниот предмет за граѓанската постапка, како и други докази. Прибавена е и одлуката на Судскиот совет. по однос на постапувањето на судиите во конкретниот случај. Се преземаат и други дејства во предистражна постапка, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Во меѓувреме, по предлог на јавниот обвинител, Судот определи мерки за привремено запирање на извршување определни финансиски трансакции. Јавното обвинителство постапува со приоритет во сите предмети во кои се утврдени сомневања за кривични дела, независно од својството на потенцијалните осомничени лица“.

ОЈО ја започна постапката откако министерот за транспорт и врски Александар Николоски го испрати предметот за натамошно разгледување бидејќи државата има дел од сопственоста на Телеком. Се работи за предметот во кој Телеком треба да исплати оштета од четири милиони евра на фирма од Штип, а за овој предмет Основното јавно обвинителство (ОЈО) почна предистражна постапка Апелацискиот суд донесе пресуда во корист на фирмата Фокуснет од Штип. Но, откако Судскиот совет ја разгледа оваа пресуда, заклучи дека има низа прекршувања и недоследности, дека имало два записника во Апелација од кој едниот бил лажен.  Судскиот совет утврди одговорност на судијките на Апелацискиот суд Скопје, а OJO отвори предмет и се води предистражна постапка за можните неправилности при донесувањето на пресудата.

Се работи за спор стар 20 години покренат од интернет провајдерот Фокуснет против Телеком.

Владата е сопственик во Телеком на 35% од уделот, па оваа судска одлука може да има и буџетски импликации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy