
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. UV=6 Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има зголемена облачност.