Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Време е за одговорност“: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за Љупчо Коцевски
Македонија

„Време е за одговорност“: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за Љупчо Коцевски

29/07/2025

AA

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе ја поддржи интерпелацијата за работата на Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од страна на опозициската партија Левица. На прес-конференција, координаторот на групата, Никола Мицевски, истакна дека институциите предолго молчеле пред корупциските скандали, а јавниот обвинител не покажал храброст и интегритет за да се соочи со нив.

„Институциите, во соработка со обвинителството, со години молчеа пред огромните скандали, голем дел предизвикани од врвот на СДС и ДУИ. Јавното обвинителство остана рамнодушно и пасивно пред тие извори на неправда. Дадената шанса за Љупчо Коцевски е веќе потрошена. Наместо реформа и интегритет – добивме молк и сервилност кон власта. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата, во интерес на принципите, граѓаните и правдата,“ порача Мицевски.

Тој потенцираше дека, и покрај политичките разлики со Левица, нивната борба против корупцијата останува недвосмислена и приоритетна.

„Без оглед на суштинските разлики со Левица, нашата заложба за бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал останува цврста. Обвинителскиот систем мора да биде независен, функционален и храбар – да не трепери пред политички притисоци и да не биде соучесник во криминалот,“ додаде тој.

Запрашан што доколку интерпелацијата биде изгласана, а Коцевски не поднесе оставка, Мицевски одговори дека тогаш ќе имаат дополнителен став, во согласност со законските процедури.

Во врска со прашањето дали до локалните избори ќе се изберат нови челници на Јавното обвинителство, Народниот правобранител и Државната комисија за спречување на корупција, тој изјави дека институциите не зависат од еден човек и оти постојат заменици кои можат да ја вршат функцијата.

„Ако во државата се потпираме само на еден човек, не ни е добра работата. Да ги оставиме процедурите да течат и да не предвидуваме однапред,“ рече Мицевски.

Интерпелацијата за Коцевски доаѓа во време на зголемен јавен притисок за реформирање на правосудните институции и порачува дека одговорноста не смее да биде само декларативна – туку мора да се спроведе и на дело.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy