
ВРЕДИ: Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ?
Од коалицијата Вреди велат дека црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предала.
„Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан.
Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови.
Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме“, велат од Вреди.
