Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вработените со петиција за разрешување на вд директорот на Македонска филхармонија
Македонија

Вработените со петиција за разрешување на вд директорот на Македонска филхармонија

08/02/2024

AA

Вработените во Македонска Филрхамонија поради непрофесионалното и неуко менаџирање на в.д. директорот Даниел Лазаровски, кое што се одразува со големи негативни последици врз целокупното функционирање на институцијата, преку синдикалната организација поднесоа петиција до Министерството за култура, со барање за негово итно разршување.

Петицијата која ја потпишаа 100 лица кои се вработени во Македонска филхармонија.

„Незадоволството од непрофесионалноста на в.д. директорот кулминираше со неговиот упад на синдикалниот состанок минатата недела кога се обидуваше да изврши притисок врз слободното изразување на членовите на синдикатот.

Од самото назначување, вработените во Македонска филхармонија се изложени на притисоци, закани и мобинг од страна на директорот Лазаровски. Неговото несоодветно раководење со институцијата предизвикува големо незадоволство кај вработените и истото има негативно влијание врз соработката со македонски и странски музичари.

Конкретно, во последен момент и без образложение беше откажан концерт на наш колега, кој е исклучително квалитетен музичар, а кој како солист требаше да настапи на концерт за кој се подготвуваше повеќе од една година. Исто така, без образложение в.д. директорот еднострано го раскина договорот со новиот странски шеф диригент кој ѝ е добро познат на оркестарот и македонската публика. Поради оваа причина, Македонска филхармонија во моментот се соочува со правен процес со големи финансиски побарувања од диригентот кои можат да го пореметат нормалното фунционирање на институцијата.

За атмосферата на незадоволство придонесува и тоа што списоците за распоред на работни состави се објавуваат ненавремено, во последен момент, иако праксата до назначувањето на Лазаровски беше да се објавуваат најмалку еден месец однапред. Се поставуваат музичари на позиции пониски од оние на кои се назначени, односно деградирање и нарушување на тимската работа. Покрај ова, има примери на казнување за неколкуминутно доцнење на проба кое не направило застој на работата на оркестарот, а од друга страна толерирање, т.е. ослободување и несанкционирање на одредени колеги да отсуствуваат од работа.

Како да се толкува ова самоволие на в.д. директорот освен деке е намерно, односно како мобинг и злоупотреба на службената положба. Неговите тврдења дека требал писмено да биде известен за мирувањето на неговото членство во синдикатот само го потврдува неговото незнаење и некомпетентност за извршување на директорската функција. Со својот демант во врска со нашата рекација за неговиот упад на синдикалниот состанок, директорот се обидува да ја банализира реалната ситуација во Филхармонија и да ја избегне одговорноста за неговото несоодветно управување. Нагласуваме дека воопшто не станува збор за вештачка криза, ниту за условите на објектот во кој работиме. Не сме загрозени од потребата да ги извршуваме работните обврски, напротив, загрозени сме од непрофесионалноста на директорот кој не знае да управува со нашата институција и ја води во пропаст“, се вели во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното

13/11/2026
Македонија

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ

13/11/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ

13/11/2026
Македонија

ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЌЕ БИДАТ ПОВТОРЕНИ Гаши порача дека за

13/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46766
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот министер за Европа вели дека

14/11/2026

Има Договор и тој треба да биде имплементиран, ама легитимно е јасно да биде кажано дека потоа нема да има

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“ Владејачката партија бара обвинителството да

14/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ бара јавното обвинителство да поведе истрага за да ги испита владините одлуки од времето на СДСМ и ДУИ  од

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае со денови

13/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy