Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вработени во Телеком се жалат на тарабуки и силни звучници кај Камениот Мост
Македонија

Вработени во Телеком се жалат на тарабуки и силни звучници кај Камениот Мост

23/05/2025

AA

Вработени во Македонски Телеком испратија официјално обраќање до повеќе институции, реагирајќи на секојдневната и продолжена бучава од улични изведувачи кај Камениот Мост во Скопје, која, како што наведуваат, сериозно го нарушува работниот процес на нивните вработени, како и на останатите институции во околината.

Во дописот, Телеком наведува дека луѓе со „тарабуки и силни звучници“ секојдневно, од 11 до 18 часот, создаваат неснослива бучава која вознемирува деловни субјекти и институции како Археолошкиот музеј и други околни организации. Компанијата ги повикува надлежните да излезат на терен и да се уверат во ситуацијата.

Сепак, одговорот од институциите досега не донесе конкретно решение:

Од Министерството за животна средина сугерираат дека за ваков тип на вознемирување треба да биде известено Министерството за внатрешни работи.

Од Македонското здружение за заштита при работа упатуваат на Законот за безбедност и здравје при работа, посочувајќи дека работодавачот има законска обврска да обезбеди соодветна работна средина, вклучително и заштита од надворешни фактори кои предизвикуваат психофизички стрес.

Во забелешката на Телеком се додава дека биле известени и Општина Центар, Град Скопје, како и Центарот за социјални работи, инспекциски служби, па дури и министерства како оние за труд и локална самоуправа, но досега без јасна координација и одговорност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мајка и 14-годишен син задржани во Неготино по пријава за

23/07/2026
Македонија

Мицкоски: Водата во Гостивар најпрво за техничка употреба, до следната

23/07/2026
Македонија

АХВ изврши 70 контроли во Гостиварско: Казнети оператори, пронајдена небезбедна

23/07/2026
Македонија

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе

23/07/2026
Македонија

Мицкоски: Граѓаните ќе бидат обештетени за штетите од невремето во

23/07/2026
Македонија

Семејно насилство во Гевгелија: Ја удирал со боксови и клоци

23/07/2026
Македонија

Драма во Трубарево: Барал исплата на дневници, па со нож

23/07/2026
Македонија

Тетовец измамен при договор за увоз на автомобил од Швајцарија,

23/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44592
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мајка и 14-годишен син задржани во Неготино по пријава за кражба на 17.300 евра

23/07/2026

На 22.07.2026 во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот

Мицкоски: Водата во Гостивар најпрво за техничка употреба, до следната недела и за пиење

23/07/2026

Решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Гостивар напредува според планираната динамика, а доколку не дојде до непредвидени околности, жителите најпрво

АХВ изврши 70 контроли во Гостиварско: Казнети оператори, пронајдена небезбедна храна

23/07/2026

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) извршија 70 вонредни надзори во Гостиварско поради состојбата со водата за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy