Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВРАБОТЕНИ ВО ФАБРИКАТА ЗА ЛЕКОВИ „ГАЛЕНИКА“ ВО СРБИЈА ШТРАЈКУВААТ – бараат зголемување на платите
Економија

ВРАБОТЕНИ ВО ФАБРИКАТА ЗА ЛЕКОВИ „ГАЛЕНИКА“ ВО СРБИЈА ШТРАЈКУВААТ – бараат зголемување на платите

19/03/2024

AA

Околу 250 работници на фабриката за лекови „Галеника“ во Земун, Србија организирани од синдикатот „Независност“ во таа компанија, втор ден штрајкуваат со барање нивниот сопственик, бразилската компанија ЕМС да им ги зголеми платите.

Како што пренесуваат медиумите од соседството, претседателот на Синдикатот „Независност Галеника“, Зоран Пантелиќ, кој е и претседател на Штрајкувачкиот одбор, барањето на работниците што протестираат е да се зголемат платите за 10 проценти во однос на просечната плата во фабриката.

– Колективниот договор предвидува платите да се усогласуваат еднаш годишно, и соодветно на тоа бараме веднаш и во еден дел да се зголемат во бараниот износ. Засега никој од раководството не контактирал. Подготвени сме за разговори со раководството, за нашите барања, во секое време и штом се зголеми платата во висина што ја бараме, штрајкот ќе биде прекинат и фабричките машини ќе бидат ставени во функција – нагласи соговорникот.

Тој додаде дека преговорите со менаџментот почнале лани во ноември, за да може договорот за зголемување на платите да почне да се применува од февруари годинава.

– Работодавачот понуди зголемување на платата во два дела и во помал процент од тој што го баравме. Самостојниот синдикат во фабриката се согласи на понудата. Ние од „Независности“ ги анкетиравме работниците и тие изјавија дека сега поскапувањето мора да биде од еден дел. Затоа штрајкувавме за да го постигнеме тоа – вели Пантелиќ и наведува дека штрајкот ќе трае се додека не се исполни барањето за зголемување на личниот доход во бараниот процент.

Инаку, заработката во Галеника е под просекот во таа стопанска гранка. Пантелиќ посочува дека барањето за зголемување на платите е оправдано затоа што ланската инфлација била 12 отсто и дека е потребно висината на платите да биде таква за да им се обезбеди пристоен живот на вработените.

Штрајкот почна вчераутро во прва смена, а целосно беше стопирано производството во најголемиот објект за производство на лекови во фабриката.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44999
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди

13/08/2026

Кривичниот суд го прифати поднесеното обвинение за предметот поврзан со Државна лотарија каде обвинет е Артаб Гууби и други 8

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија на обвинителна клупа

13/08/2026

Функцијата генерален секретар на Владата во изминатите повеќе од една деценија добива сè понеславна судска историја. Кирил Божиновски, Драги Рашковски

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши на 23 факултети

13/08/2026

Првиот рок за пријавување на кандидатите за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје е на 18 и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy