Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ НА „ТИКВЕШ“, ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ ОД НАД 12 МИЛИОНИ ЕВРА – еве зошто се потребни средствата
Економија

ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ НА „ТИКВЕШ“, ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ ОД НАД 12 МИЛИОНИ ЕВРА – еве зошто се потребни средствата

13/03/2024

AA

Винарската визба Тиквеш најавува
дека на 8 април ќе одржи вонредно акционерско Собрание, а на него ќе се
разгледува Предлог одлука за пристапување кон долг, и тоа на прилично значајна
сума од над 12 и пол милиони евра.

Ова следува откако
Управниот одбор на компанијата пред околу една недела донел одлука да се
прифати оваа намера, а сега за неа треба да се изјаснат акционерите на
компанијата на вонредното Собрание.

За оваа одлука
компанијата ја информираше инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Всушност, како што е
наведено, Собранието на акционери треба да гласа за одлука за пристапување кон
долг, со која се дава согласност друштвото да пристапи кон три договори.

Првиот е договор за
одобрување на долгорочен кредит со својство на извршност од 26 јануари оваа
година, на износ до 775.000.000, што е рамно на 12,6 милиони евра, со сите
негови измени и дополнувања, како што се вели во предлог одлуката. Вториот е
договор за рефинансирање на побарувањата на банката кои датираат од крајот на март
2019 година, на износ од 426.250.000 денари, или 6,93 милиони евра. И третиот е
договор за одобрување на долгорочен кредит од крајот на декември 2019 година на
износ од 7.400.000 денари или 120 илјади евра, со сите негови измени и
дополнувања, склучени помеѓу Комерцијална банка АД Скопје и друштвото за
инжинеринг и услуги М6 ЕДЕН ДОО Скопје.

„Се дава согласност
Друштвото да трасира и акцептира по една бланко сопствена акцептирана меница со
менична изјава, уредена со нотарски акт и клаузула за извршност. Се овластува
генералниот директор на друштвото ВВ Тиквеш АД Кавадарци во име и за сметка на
друштвото да склучи и потпише договор за пристапување кон долг, нотарските
бакти за меница и сета документација потребна за реализација на оваа одлука. Се
овластува друштвото да склучи соодветен договор со М-6 ЕДЕН ДОО Скопје, кој ќе
обезбеди со секоја евентуална исплата од Друштвото врз основа на оваа Одлука да
биде засновано соодветно побарување кон М-6 ЕДЕН ДОО Скопје“, се вели во
објавата од Берзата и се додава дека оваа одлука е донесена согласно правилата
за одобрување на голема зделка и правилата за зделка со заинтересирана страна
предвидени во законот за трговски друштва.

Таа ќе влезе во сила на
денот на донесувањето, откако ќе ја усвојат акционерите на ВВ Тиквеш Кавадарци.
Потпис на ваквата одлука за која на вонредното Собрание ќе треба да се изјаснат
акционерите ставил првиот човек на винаријата, Светозар Јаневски.

Фактор се интересираше
за каков кредит тука станува збор, а од наши извори дознаваме дека се работи за
заем кој всушност го зема компанијата М-6 ЕДЕН, а за кој како гарант ќе се јави
ВВ Тиквеш, како поголема и помоќна компанија, а чија, пак, гаранција, ќе ги
намали трошоците за резервации на тој кредит, и што всушност, било услов да се
земе кредитот.  

За
нештата да станат појасни треба да се наведе дека мнозински и доминантен
сопственик на ВВ Тиквеш Кавадарци е трговското друштво за инжинеринг и услуги
во прометот М-6 ДОО Скопје, кое поседува 80,8 отсто проценти од Тиквеш. Оваа компанија има и други
акционери, но никој од нив нема пакет од над 5 отсто. Всушност,
компанијата
има уште 434 акционери домашни физички лица, кои вкупно поседуваат 14,32 отсто
од акциите на визбата, и уште девет фирми акционери, кои располагаат со вкупно 6,36 проценти од
акциите на компанијата.

Е сега, во М-6 ДОО, пак, доминантен сопственик е фирмата М-6 ЕДЕН ДОО, која
поседува 92 отсто од М-6, додека преостанатите 8 отсто во М-6 ги поседува Милан
Ивановски.

Додека, пак, М-6 ЕДЕН ДОО има тројца сопственици и сите тие поседуваат по една
третина, односно по 33,33 проценти од акциите, а тоа се децата на бизнисменот Светозар Јаневски, односно
Драгана Јаневска, Кирило Јаневски, и Јане Јаневски, како и Светозар Јаневски, за кого е наведено дека на друг начин остварува
контрола на правното лице.

Нашите сознанија говорат дека всушност овој кредит го
зема М-6 ЕДЕН ДОО, но потребна е гаранцијата од Тиквеш како голема и моќна
компанија.

За тоа зошто е потребен овој заем дознаваме дека станува
збор за некои консолидации кои треба да се направат внатре во компанијата, всушност
консолидација на целата приказна околу Тиквеш.

Она што ќе биде интересно е дека винарската визба се
јавува како гарант, но средствата повторно ќе ги враќа М-6 ЕДЕН.

Инаку, пред околу една недела, како што објави Фактор, некој
преку берзанска блок трансакција купи 2,2 проценти од вкупниот акционерски
капитал на
„Тиквеш“, плаќајќи
за нив сума од 566 илјади евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42410
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy