ВОЕН КАМИОН ИЗЛЕТА ВО РЕКА КАЈ ВРАЊЕ: Еден војник загина, а тројца се повредени
Загина војник, а тројца се повредени, oткако воен камион излета во река кај српскиот град Врање. Од полициската управа во Врање потврдија дека во 9 часот и 30 минути е пријавена сообраќајна несреќа, а на местото на настанот е испратена екипа.
Воен камион се превртел во близина на градот Дреновац во планинскиот регион Врање, при што од повредите на лице место починал постар наредник од прва класа Б.К.(46), а тројца членови се повредени, пренсоа српските медиуми.
„Вториот војник бил заглавен во водата во состојба на намалена свест и со расекотина на десната потколеница. Третиот војник се пожалил на главоболка и болки во вратот, додека четвртиот бил под стрес“, соопштија од Итната медицинска помош Врање.
Воениот камион се движел од една од базите во Копнената безбедносна зона до Косово и Метохија. Повредените војници се пренесени во болницата во Врање.
На делницата од патот преку Пољаница до Врање, претходните години исто така имаше неколку сообраќајни несреќи во кои учествуваа воени возила и автобуси.