
ВОДАТА ОД ПЕШТЕРАТА СЕ ПОВЛЕКУВА, ЌЕ ГИ СПАСАТ ЛИ КОНЕЧНО ДЕНЕСКА: Уште еден обид за извлекување на семејството и водичите
Водата во Крижа Јама, која го блокираше излезот за пет лица кои беа на туристичко разгледување на пештерата, почнаа
да се повлекуваат и се очекува
нивото да падне доволно до денеска
попладне за да ги извлечат заробените луѓе, изјави за СТА Лука Залокар, технички
менаџер на интервенцијата на пештерата.
Залокар ја даде
оваа изјава по враќањето на вториот тим нуркачи од пештерата. Тимот на спелеолошки
нуркачи кои отидоа по тричленото семејство и двајца водичи вчера околу 14
часот, и се врати од пештерата околу 21:30 часот, рече дека луѓето се безбедни,
но чекаат излезот да биде прооден.
Тие чекаат
поповолни услови да излезат од пештерата. Заробени се во тунел приближно 2,4
километри од влезот во пештерата – на суво земјиште, на карпестата површина на
десет метри над водата. Им била доставена храна, лекови и сува облека.
Спасувачите во текот на ноќта дежурале пред влезот на Крижна
Јама, а утринава тим
спелеолошки нуркачи повторно излегоа
на терен за да го проценат нивото на водата и шансите за нивно безбедно
враќање.
Инаку, тричленото
семејство и двајцата водичи се заробени во пештера во југозападна
Словенија од саботата попладне, откако обилните дождови го подигнаа нивото на
водата, а спасувачите не можеа безбедно да ги извлечат. Спасувачките нуркачи во
неколку наврати доаѓале кај нив, им обезбедувале храна, вода, сува и топла
облека, загреан шатор и светлина.
ФОТО: ФБ

