
ВО ЖИВО: Вонредно се обраќа екс премиерот Никола Груевски
Екс премиерот Никола Груевски во моментов зборува во живо во емисија на порталот Инфомакс. Тој на почетокот рече дека сакал демантот да го испрати преку емисијата 360 степени, а разговарал и телефонски со новинарот Васко Попетревски, но тие немале технички можности за тоа да го реализираат.
Груевски демантираше дека тој ги напишал измените на Кривичниот законик и дека потоа на УСБ му ги дал на Али Ахмети.
„Тоа се удбашки мотоди. Изненаден сум од тоа што го прават овие луѓе. Наместо да се фокусирани да ја паднат оваа Влада тие се занимаваат со мене. Оваа Влада беше зрела да падне уште во 2020 година“, изјави Никола Груевски.

