Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во време на криза Србите инвестираат во дукати, но дали Македонците го прават истото?
Економија

Во време на криза Србите инвестираат во дукати, но дали Македонците го прават истото?

21/02/2023

AA

Српските медиуми
деновиве пишуваа дека нивните граѓани во услови на криза, вложуваат во дукати
кои во иднина би ги продале.

Во златарниците
во Скопје велат дека има одреден интерес, дека дел од населението последните
неколку години купува златни монети чија цена варира зависно од грамажата и
достигнува и до 2.000 евра.

„Се јавуваат,
прашуваат. Има монети од 1 грам до 36 грама. Последните 3-4-5 години ги бараат“,
потврдуваат од скопска златарница.

Но, тоа не е
случај во внатрешноста. Златарите во помалите градови објаснуваат дека  најголем дел од населението нема куповна моќ за да си дозволи да инвестира во златни монети, но
и нема соодветна едукација и не се впушта во ризик.

„Луѓето обично
купуваат злато за свадби, веридби, родендени и други прослави, значи за лични потреби,
но не и за да инвестираат. Едноставно во помалите градови стандардот е низок.
Луѓето немаат куповна моќ, немаат доволно пари за вложување, но и немаме некоја
култура на инвестирање во злато. Златото не губи, може да се смета како една
„сигурна валута“ ако можеме така да ја наречеме. Во помалите градови ако има
поединечни случаи некој да купил една плочка или една монета, тоа е реткост. Не
дошол муштерија да купи 10, 20, 30 златни монети. Има различни монети,
австриски, француски, со различна големина. За Скопје е поразлично, таму се
вртат големи пари, таму има побогато население и состојбата е различна“, велат
златари од внатрешноста.

Сопствениците на
златарниците објаснуваат дека големите геополитички збиднувања, како Брегзит, пандемијата
на коронавирусот, а сега и војната во Украина, доведуваат до промени на цените
на златото, но во минатото ако погледнеме што се случувало со децении, имало и
периоди кога цените на златото доживувале големи шокови.

Српските експерти
велат дека од 2013 година наваму цената на златото расте и затоа луѓето му
веруваат и вложуваат во златото. Имаше прогнози според кои во 2023 година,
цената на златото ќе порасне за 10 отсто. Се очекува дека истото ќе се случи и
со цената на среброто. Килограм злато чини 59,348.90 долари, а среброто е околу 700 долари. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана

25/01/2026
Македонија

Грабната 23 годишна девојка од Скопје

25/01/2026
Македонија

ЗОШТО МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ Е БОРДО? Симболика и значење на боите

25/01/2026
Македонија

ЗА ПОМАЛКУ ЖРТВИ НА ПАТОТ „Безбеден град“ работи автоматски и

25/01/2026
Македонија

Хоас на гробиштата во Ѓорче Петров: Се степаа за паркинг

25/01/2026
Македонија

„Безбеден град“ се шири во Куманово и Тетово: Денеска тест-блокади

25/01/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА ВО АВТОКОМАНДА Три страшни сообраќајни несреќи, еден починат

25/01/2026
Македонија

Циклон ја зафаќа Македонија: Обилни врнежи од дожд и грмежи,

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40598
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана во Струга, кривична за четворица

25/01/2026

Вчера попладне во Струга се случи сериозен инцидент, откако четворица мажи од Скопје се обвинети за насилно однесување на 23-годишна

Грабната 23 годишна девојка од Скопје

25/01/2026

Вистинска драма се одвивала на улиците на Струга, каде четири лица од Скопје организирале и извршиле грабнување на 23-годишна девојка.

ЗОШТО МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ Е БОРДО? Симболика и значење на боите ширум светот

25/01/2026

Пасошот не е само документ за патување, туку и мал симбол на националниот идентитет. Бојата на корицата, која на прв

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy