
Во Вашингтон потпишан 10 годишен патоказ за одбранбените врски во наредните 10 години
Во интервју за ТВ21 од Вашингтон, министерката за одбрана Славјанка Петровска објасни што значи потпишувањето на 10-годишен патоказ за одбранбените врски.
„Патоказот е документ со кој ги даваме насоките со кои како во овој период од годинава па во следните 10 години ќе го трасираме развојот или соработката во делот на одбраната, и како што она досега успешно го правиме да го надоградиме и да постигнеме уште подобри резултати. Бројна е поддршката во изминатите години од САД, и тоа не само финансиска која е голема, за сите овие 30 години изнесува 330 милиони долари“, рече Петровска.
Целото интервју може да го гледате вечерва во 19:10 часот на ТВ21.

