Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во тек се исплатите на финансиската поддршка за учениците, следува новата исплата за пензионерите
Македонија

Во тек се исплатите на финансиската поддршка за учениците, следува новата исплата за пензионерите

13/01/2024

AA

Од СДСМ велат дека во тек се исплатите на финансиската поддршка за учениците, а следува новата исплата за пензионерите.

„Грижата за сите граѓани, особено за ранливите и за сите оние кои помошта од државата им е неопходна е преточена во конкретни мерки и политики.

СДСМ се грижи за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства и за нивната социјална сигурност, со дополнителна финансиска поддршка во рамките на 9-тиот пакет антикризни мерки.

Во наредните неколку дена започнува исплатата на финансиска поддршка за 105.000 средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари.

Во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година.

Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик. Со оваа мерка за поддршка опфатени се 70.000 ученици од основно училиште.

За десетина дена, следува и новата, втора исплата на финансиската поддршка за пензионерите, лицата со попреченост и самохраните родители.

Над 187.000 пензионери со пониски пензии може да ги очекуваат парите на своите сметки, директно, без да аплицираат.

Во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат вкупно 15.000 денари финансиска поддршка.

Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат 10.000 денари поддршка.

Нашите сограѓани, пензионери со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари во следните 5 месеци, добиваат поддршка од 7.500 денари.

СДСМ во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци им помага на граѓаните.

Со СДСМ секој добива повеќе“, велат од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ 33 СТАРИ УЧЕБНИЦИ Министерството за образование најавува

20/10/2026
Македонија

ВОЗЕЛА 142 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КАДЕ ШТО Е 50 ДОЗВОЛЕНО

20/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ

20/10/2026
Македонија

📽️ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 65.000 ЕВРА СКРИЕН ВО ПЕРНИЦА ЗА

20/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

20/10/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБА ДА ДАВА ОСТАВКА На ВМРО-ДПМНЕ му

20/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46277
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ 33 СТАРИ УЧЕБНИЦИ Министерството за образование најавува поквалитетни содржини

20/10/2026

Министерството за образование и наука (МОН) повлекува 33 учебници за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение бидејќи се

ВОЗЕЛА 142 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КАДЕ ШТО Е 50 ДОЗВОЛЕНО Жената е приведена и ѝ

20/10/2026

24-годишна жена од ресенското село Подмочани е лишена од слобода откако била фатена како управува автомобил со брзина од 142

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ Предупредуваат на опасност од одлив

20/10/2026

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат од Уставниот суд итно да ги стави на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy