Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во тек се акции за сузбивање на големи криминални групи инволвирани во шверц со дрога и улични дилери, запленетата дрога е во вредност од 500.000 евра
Македонија

Во тек се акции за сузбивање на големи криминални групи инволвирани во шверц со дрога и улични дилери, запленетата дрога е во вредност од 500.000 евра

26/03/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа за акциите на МВР во сузбивањето на недозволената трговија со дрога, рече: „Токму борбата против трговијата со наркотични средства и трговијата со оружје е еден од приоритетите во борбата против организираниот криминал и кон тоа сме насочени целиот изминат период. Секако дека таа војна која ја води МВР заедно со јавните обвинителства резултира со многу случаи по кои не само што имаме детектирано, туку и разбиено криминални групи насочени кон продажба на дрога”.

Притоа, тој ја посочи оперативната активност која се одвива на територијата на целата држава и на град Скопје токму за сузбивање на уличното дилерство на дрога.

„Најголемата акција беше на територија на Скопје во којашто имаше претерес на 5 локации и се уапсени 3 лица. За жал, тука имавме наставник кој учествува во образовен процес, а вкупната вредност на дрогата која би ја достигнала на црниот пазар е околу 500.000 евра разновидна дрога: амфетамини, кокаин, марихуана и хероин. Секако, тука беа пронајдени и оружје и, муниција, и тоа е една од најголемите акции за сузбивање на голема криминална група овде на територија на градот Скопје. Инаку, на територија на државата имаме околу 36 претреси во исто време направени, во кои се откриени поголеми количини на дрога, приведени 35 лица за кои се води постапка. Тоа е активноста во која практично се преземаат мерки секојдневно за сузбивање на трговијата со дрога”, елаборираше министерот Спасовски.

Во однос на приведениот наставник, министерот Спасовски беше дециден: „Тоа нѐ упатува на една заедничка акција. Многу е важно за образовниот процес и воспитанието на младите генерации и за сите нас, како ја подигаме јавната свест. Тоа е добро прашање – како се доведуваме до вакви состојби?! Мислам дека со динаминката во која живееме сите ние, многу повеќе време посветуваме на некои маргинални работи во животот, а не се насочуваме кон тоа што ни е суштина, бидејќи навистина образованието и воспитанието се меѓу клучните работи во сите сегменти во општественото живеење. Кога зборувам за образование, мислам токму на образовниот процес. Знаете, имавме период во време на режимот во кој образованието беше замислено како купување на диплома во трафика. Без да се помине тој образовен процес којшто ќе креира квалитетни кадри во институциите на системот, ќе ни се појавуваат ваквите аномалии, бидејќи знаете дека тоа е еден од кличните аспекти. Тоа го говорам како човек, меѓутоа како министер за внатрешни работи ќе повторам дека исклучително сме насочени кон разбивање на вакви криминални структури”.

Министерот Спасовски потсети на оперативната акција „Безбедно лето”, којашто даде извонредни резултати во делот на намалување на криминалитетот и зголемување на откривачката функција, но и на актуелниот оперативен план „Безбеден град”, кој е насочен токму на откривање и санкционирање на криминалните структури и групи, која од подрачјето на Скопје ќе се прошири на подрачјата и на останатите сектори за внатрешни работи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45039
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред исчезнувањето повеќепати баравме помош

16/08/2026

Внукот на исчезнатиот Љупчо, Дарко, со јавна реакција побара одговорност од институциите, тврдејќи дека семејството уште пред неговото исчезнување повеќепати

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy