Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во ЈСП Скопје избркани од работа 50-тина лица, претпријатието нема пари за плата
Македонија

Во ЈСП Скопје избркани од работа 50-тина лица, претпријатието нема пари за плата

01/11/2023

AA

Во ЈСП „Скопје“ вчера од работа се избркани 45 лица вработени со договор на определено време. Вработени во претпријатието кои се јавија во нашата редакција велат дека без никаква најава, во еден ден останале без работа луѓе кои повеќе до 7-8 години се ангажирани на различни работни позиции.

„Во ЈСП се отпуштија сите работници преку договор од кои некои што работеа по 7 или 8 години, а не успеаа да добијат решение на неопределно време. Од ден за ден им е кажано дека им с епрекинуваат договорите. Многу од нив се со деца и многу кадар ќе фали сега, Има луѓе кои исполнуваат задачи и за другите т.е и за тие што со решение, а не се избркани“, се вели во писмото до нашата редакција.

Дека ЈСП нема пари и дека поради тоа се бркаат од работа луѓе објави и претседателот на градската организација на СДСМ Васко Кичевски.

„Пред неколку месеци говорев за тоталната неспособност на градоначалничката Данела Арсовска и нејзините управувачки структури на градските јавни претпријатија. Таа неспособност веќе сите ја чувствуваат, особено граѓаните кои ги користат услугите на ЈСП. Претпријатието веќе две години не успева да обезбеди нормален автобуски превоз за Скопје и скопјани, а вчера благодарение на најнеспособниот менаџерски тим 45 луѓе останаа без работа во тоа исто претпријатие“, напиша Кичевски на неговиот Фејсбук профил.

ЈСП „Скопје“ нема пари да подели плата откако на двете последни седници во Советот на Град Скопје советниците не го изгласаа барањето на градоначалничката Данела Арсовска да се дадат нови субвенции во висина од 1,8 милиони евра. Советниците рекоа дека не може да гласаат за ваква одлука, а цел мандат да не добиваат никакви информации за работата на претпријатието, градоначалничката Арсовска да не доаѓа на седници и да не одговара на нивните прашања.

Сега претпријатието нема да може да подели плата за месец октомври со што повтроно Скопје може да остане без автобуски превоз, како пред една година кога возачите протеситаа оти им се доцнеше со исплатата на плата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион

20/08/2026
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45126
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион евра

20/08/2026

Од почетокот на годинава заклучно со јуни, од наплата на патарина во државата се инкасирани рекордни 1.919.775.277 денари (над 31

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се споделуваат лични податоци

19/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце

19/08/2026

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy