Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во првите два месеца од оваа година има двојно намалување на сообраќајните несреќи со жртви
Македонија

Во првите два месеца од оваа година има двојно намалување на сообраќајните несреќи со жртви

02/03/2023

AA

Во јануари оваа година на подрачјето на СВР Скопје за 20 проценти се намалени сообраќајните незгоди со потешки последици, во споредба со јануари минатата година. Во првите два месеци од 2023 година, бележиме двојно намалување на сообраќајните незгоди со жртви. Сега имаме три, споредбено со минатата година за истиот период, кога сме имале шест жртви, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Статистички, како што посочи, брзото возење е најголема причина за сообраќајните незгоди со смртни последици.

Спасовски, кој вечерва во Чаир ги посети полициските службеници кои работат на терен во овој дел од градот, информираше дека во текот на 2023 година на подрачјето на СВР Скопје, во месеците јануари и февруари, за возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 1.815 возачи.

Исто така, во првите два месеци од 2023 година санкционирани се 394 возачи кои возеле под дејство на алкохол.

-Вечер сме овде во Чаир да видиме во какви услови работат полициските службеници, да поразговараме со нив во однос на работењето, заради тоа што безбедноста во сообраќајот е наш врвен приоритет. Овие активности ќе ги продолжиме во континуитет, не само во делот на сообраќајот, туку и по други оперативни акции кои ги работиме. Ова раководство на МВР во континуитет заедно со полициските службеници прави напори да се зголеми безбедноста во сообраќајот, да се намалат сообраќајните незгоди, да се намалат последиците од смрт во делот на сообраќајните незгоди или потешки телесни повреди и создавање на материјални штети. За ова беше потребно да се јакне и човечкиот капацитет но и да се јакне техничката опременост на полициските служби, рече Спасовски.

Тој додаде дека во 2017 година имало седум радари за мерење на брзината на движење на возилата, осум етилометри или дрегери, а во овој момент има 144 радари кои се користат за безбедноста во сообраќајот и притоа, како што рече, првпат од независноста на државата, имаат 55 уреди кои се за ноќно снимање, за да може и во текот на ноќта да бидат контролирани возачите .

Додаде дека има повеќе од 50 етилометри или дрегери за мерење на алкохолот во крвта.

-Ваквите контроли ќе бидат во континуитет.. Апелирам до граѓаните да се придружуваат до собраќајните правила и прописи, додаде министерот за внатрешни работи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45044
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

16/08/2026

Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026

Во тек е спасувачка акција на повредено лице на Пелистер во близина на Мало езеро. Лицето е лоцирано и веќе

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026

Центар за управување со кризи: Информација за пожарите на отворен простор на територијата на државата до 13:00 часот На ден

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy