Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во приватното здравство само за ПЦР тестови се одлеале 19,9 милиони евра открива Заводот за ревизија
Македонија

Во приватното здравство само за ПЦР тестови се одлеале 19,9 милиони евра открива Заводот за ревизија

10/02/2023

AA

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиски извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2021 година.

Цел на ревизијата, како што велат од ДЗР, е да се добие разумно уверување дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите и трансакциите се во согласност со законската регулатива.


Ревизорите утврдиле слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните услуги.

-Ревизорите во извршената ревизија констатираат слабости во контролите при препишување и издавање лекови, непочитување на роковите при вршењето на контролите и изрекувањето на договорните казни, поради невоспоставени контроли исплатувани се надоместоци за боледување и кога осигурениците остварувале плата, како и слабости при утврдување и контрола на реализација на условен надоместок на ЈЗУ, велат од Државниот завод за ревизија.


Како клучни препораки ДЗР ги посочува воспоставувањето систем на планирање, следење и редовно вршење контрола на видот и обемот на извршените здравствени услуги и издадени рецепти.

Дел од препораките се и доуредувањето на постапката и воспоставување контроли при исплатата на надоместоците за боледување и зајакнување на контролите кај условниот надоместок.


– Добиено е Известување на Нацрт извештајот при што е констатирано дека претставува известување/објаснување во однос на утврдените состојби, се наведува во соопштението.

ДЗР изразува мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година.

-Како клучни системски слабости ДЗР го посочува тоа што за три години од граѓаните во приватното здравство, само со PCR тестови, е прелеани најмалку 19,9 милиони евра. Не е ажурирана Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот. Во 2021 година реализиран е значајно помал обем на услуги од договорениот надоместок, поради што 106 од вкупно 116 ЈЗУ имаат добиено статус на неодржливи, се наведува во соопштението од Државниот завод за ревизија.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy