Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Прилеп почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај „Карпалак“
Македонија

Во Прилеп почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај „Карпалак“

07/08/2023

AA

Со поклон пред спомен обележјето во кругот на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски воени резервисти. Загинаа на 8 август 2001 година при заседата на армискиот конвој на патот Скопје-Тетово кај месноста „Карпалак“.

Делегации на АРМ, од Владата, од Општината, на семејствата на загинатите, од здруженија на бранителите се поклонија и им оддадоа почит пред спомен обележјето во касарната.

-Поминаа 22 години, години на измешани чувства на гордост и на тага за: Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко Љубе, Пецо и Марко, припадници на резервниот армиски состав. Денес се поклонуваме пред паметникот во касарната, подигнат во нивна чест, со ветување дека нема да бидат заборавени. Тагата и болката остануваат, особено кај најблиските, но останува и гордоста што беа дел од нашата единица, наши сограѓани, ваши синови, сопрузи и татковци. Останува обврската, наша и на идните поколенија и генерации, споменот да го чуваме, да се сеќаваме на 2001-та и никогаш да не дозволиме да се повтори, рече на чествувањето командантот на прилепскиот гарнизон, потполковник Славчо Кузманоски.

Според Игор Петрески, претседател на здружението „Карпалак“, политичкиот систем никогаш нема да ги реши отворените прашања за бранителите кои загинаа и за оние кои го преживеаја воениот конфликт 2001-та.

– Ниту еден државен орган, ниту една политичка партија не си зеде за одговорност да покрене истрага за сомнителната смрт на резервистите кои ги дадоа своите животи за одбрана на нашата таковина. Од ова места сакам да им укажам на политичките субјекти дека бранителите не се повеќе бројка за нивните изборни кампањи. Досега е многу укажувано, со бројни документации поткрепено, но досега немаме наидено на никаков резултат и одговор, изјави Петрески.

Во чест на загинатите бранители, беа посетени нивниот споменик во прилепското село Лениште и манастирот „Света Петка“ во ова село.

Утре на денот на трагедијата, делегации ќе ги посетат: месноста „Карпалак“ на патот Скопје-Тетово, вечните почивалишта на загинатите бранители на прилепските и на гробиштата во населените места. Централното чествување е на 8 август во 13 часот пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42410
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy