
Во Нигер продолжува хаосот: Хунтата ги уапси министрите и претседателот на поранешната владејачка партија
Воената хунта во Нигер денеска ги уапси претседателот на поранешната владејачка Партија за демократија и социјализам на Нигер, Фумакоја Гадо, министерот за нафтена индустрија Сани Махамаду и министерот за рудници Усеини Хадизату, објави партијата, пренесе Ројтерс.
Воените офицери на Нигер во петокот го прогласија шефот на претседателската гарда Абдураман Тијани за нов шеф на државата, додавајќи дека го суспендирале уставот и ги распуштиле сите поранешни институции откако претходно го соборија и затворија претседателот Мохамед Базум.
Нигер се граничи со три земји кои исто така доживеаја пуч – Мали, Буркина Фасо и Чад.
Пред бунтот, Нигер важеше за најстабилниот и најверниот сојузник на Западот во тој регион на Африка, кој има голем проблем со исламистичките терористи.
