Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Македонска Каменица успешно реализирана показната вежба за институционален одговор при поплави
Македонија

Во Македонска Каменица успешно реализирана показната вежба за институционален одговор при поплави

31/05/2025

AA

Во Македонска Каменица се одржа показна вежба за институционален одговор при поплави, проследена со тестирање на новоинсталираниот систем за рано предупредување. Настанот се реализираше во организација на Општина Македонска Каменица, во соработка со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Полициската станица Македонска Каменица, Итната медицинска помош при Здравствената станица, образовните установи, ЈП „Камена Река“, Територијалната противпожарна единица, Црвениот крст на РСМ и други локални и национални институции.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, изрази благодарност до сите институции за нивното активно учество и придонес во успешното спроведување на вежбата.

„Како градоначалник, сакам да изразам искрено задоволство од успешно реализираната показна вежба за институционален одговор при поплави. Посебна благодарност упатувам до членовите на Општинскиот кризен штаб и Просторните сили на Македонска Каменица за нивната подготвеност и координација, како и до сите граѓани за нивната соработка и разбирање за време на вежбата“, изјави Атанасовски.

Тој ја истакна и значајната улога на Рудник САСА, најголемиот економски оператор во општината, кој како општествено одговорна компанија го инсталираше системот за рано предупредување, со што значително се унапредува безбедносната инфраструктура во регионот.

„Општина Македонска Каменица ќе продолжи со вложувања во безбедносниот систем, со цел уште поефикасна заштита на животите и имотите на граѓаните. Безбедна општина е заедничка одговорност и наш приоритет“, додаде градоначалникот.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, нагласи дека системот за рано предупредување, донација од Рудник САСА, има големо значење и за локалната самоуправа и за Центарот за управување со кризи.

„Во Македонска Каменица е поставен современ систем за рано предупредување, кој значително ќе ја зголеми безбедноста на локалната заедница. Благодарност до рудникот САСА што со оваа инвестиција придонесува за заштита на животот и здравјето на луѓето, како и на материјалните добра. Ова е пример што треба да го следат и други компании во земјата“, изјави Али.

Системот, според директорот на Центарот за управување со кризи, овозможува навремено информирање на населението преку звучни сигнали за можни опасности, со што се намалуваат ризиците од кризни ситуации. Тој додаде дека системот од денес е официјално интегриран во националниот систем за тревожење.

Според Ивица Талевски, директор за одржливост на Рудник САСА, успешната реализација на вежбата за тестирање на системот за рано предупредување уште еднаш го потврдува силното залагање за безбедноста и одржливоста во САСА.

„Задоволство ни е што сме дел од овој проект кој воедно е дел од пошироките напори што ги преземаме за да обезбедиме максимална заштита за нашите вработени и локалната заедница, во согласност со највисоките национални и меѓународни стандарди. Грижата за луѓето и животната средина останува во срцето на нашите активности и на нашата долгорочна посветеност на одговорно рударство,“ изјави Талевски.

На покана на градоначалникот Атанасовски, на настанот присуствуваше и амбасадорката на Литванија во Северна Македонија, Вилма Дамбраускене, која изрази задоволство од можноста да ги сподели искуствата и добрите практики од нејзината земја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА

18/10/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА

18/10/2026
Македонија

73-ГОДИШЕН ПАЛАНЧАНЕЦ СИЛУВАЛ 75-ГОДИШНА ЖЕНА Полицијата му поднесе кривична пријава

18/10/2026
Македонија

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР СЕ СОМНЕВА ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ЗНАЕЛЕ ЗА

18/10/2026
Македонија

ЖИТЕЛ НА ЈЕЛОВЈАНЕ ПРОВАЛИЛ ВО ТРИ ЏАМИИ ВО ТЕТОВО ЗА

18/10/2026
Македонија

СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ ЅИД Гостиварец загина на лице

18/10/2026
Македонија

И Д-Р БАРБОВ КАЖА ДЕКА МИХАИЛОВА МОЖЕЛА ДА СЕ ЛЕКУВА

18/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИСТРАГА Д-р Барбов покажа дека работи за криминалното

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46234
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА ОД ИЗБОРИТЕ ВО 2025 ГОДИНА

18/10/2026

Гласањето на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 15 часот се одвива непречено и без забележани потешкотии, а

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА ОД ИЗБОРИТЕ ВО 2024 ГОДИНА

18/10/2026

Гласањето на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 15 часот се одвива непречено и без забележани потешкотии, а

73-ГОДИШЕН ПАЛАНЧАНЕЦ СИЛУВАЛ 75-ГОДИШНА ЖЕНА Полицијата му поднесе кривична пријава

18/10/2026

Постар маж од Крива Паланка е осомничен дека силувал постара жена. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy