Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Газа беше бомбардиран магацин за хуманитарна помош на палестинската Црвена полумесечина
Македонија

Во Газа беше бомбардиран магацин за хуманитарна помош на палестинската Црвена полумесечина

30/10/2023

AA

Турската Црвена полумесечина објави дека магацинот за хуманитарна помош на палестинската Црвена полумесечина во Газа станал неупотреблив поради силните бомбардирања, јавува Anadolu.

Во соопштението од турската Црвена полумесечина се наведува дека добиле информации и снимки кои покажуваат дека складиштето за хуманитарна помош на палестинската Црвена полумесечина е тешко оштетено како во израелското бомбардирање и станало неупотребливо.

Магацинот претходно беше изграден со поддршка на турската Црвена полумесечина.

„Станува збор за магацинот на палестинската Црвена полумесечина, со која соработуваме во активностите за хуманитарна помош. „Ние немаме сопствен магацин на турската Црвена полумесечина во Газа“, се вели во соопштението.

„Силно го осудуваме секој напад врз работниците и објектите на хуманитарната помош, вклучително и вработените во палестинската Црвена полумесечина и волонтерите кои очајнички работат на обезбедување хуманитарни потреби во многу тешки услови“, се додава.

Турската управа за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) се огласи поради тврдењата дека наводната зграда во Газа што ја користела АФАД е тешко оштетена.

„Се однесуваме на тврдењата што се појавија на некои профили на социјалните мрежи дека зградата што ја користи АФАД е тешко оштетена од израелските напади. Сакаме да ви пренесеме дека во Газа нема логистички магацин на нашата организација“, се наведува.

Израелската војска ги прошири воздушните и копнените напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади по ненадејната офанзива на палестинската група Хамас на 7 октомври. Повеќе од 1.538 Израелци се убиени во нападите на Хамас.

Министерството за здравство во Газа во понеделникот објави дека 8.306 Палестинци загинале во израелското бомбардирање во Појасот Газа. Меѓу загинатите има 3.457 деца и 2.136 жени, додека повеќе од 21.048 луѓе се повредени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси

01/08/2026
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44795
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy