Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ВО ДРЖАВНАТА КАСА КАКО ДА ПОМИНАЛО ЦУНАМИ, ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА Е“: Опустошена е, вели Мицкоски
Економија

„ВО ДРЖАВНАТА КАСА КАКО ДА ПОМИНАЛО ЦУНАМИ, ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА Е“: Опустошена е, вели Мицкоски

06/07/2024

AA

По најавата на новиот министер за економија дека на следната седница на Социо економскиот совет ќе се разгледа барањето на синдикалците за минимална плата од 450 евра, вчера премиерот Христија Мицкоски рече дека состојбата со државната каса е во катастрофална состојба, како цунами да поминало и да ја опустошило државата. Мицкоси вели дека ќе ги повика синдикатите и работодавачите на средба самите да оценат дали има можност за зголемување на минималецот. Ако се утврди дека нема, тогаш вели тој ќе се бара решение како да се постигне.

„Недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовна исплата на пензиите наспроти ова што претставува дополнително зголемување што го најавивме и ветивме, тогаш можете да сфатите за што станува збор. Ако може да се најдат, тие пари ќе ги најдеме заедно ќе седнеме, заедно ќе имаме пресконференција. Јас велам, секој оној кој мисли дека има решение јас сакам да го слушнам“, рече Мицкоски.

Оваа изјава по се изгледа дека малку ќе ги смири работодавачите кои се децидни дека пари за ново зголемување на минималецот нема. Тие велат дека ќе го почитуваат актуелниот закон за минимална плата, односно таа да расте според трошоците за живот и просечната плата. Урамноловската е дополнителна мака од која стопанствениците велат дека најмногу стравуваат.

Ангел Димитров Организација на работодавачи рече дека секое покачување на минимална плата надвор од овие предизвици предизвикува еден вид на урамноловка помеѓу неколку категории на работници и дестимулација на добите работници. 

Синдикалците и натаму остануваат на ставот дека доколку не се зголеми минималната плата, од државата ќе продолжат да си заминуваат квалификуваните работници. ССМ бара достоинствени месечни примања за работниците и уверува дека само задоволен работник е добар работник. А со тоа компанијата ќе оставува подобри резултати затоа што вработените ќе бидат попродуктивни. Ова барање за 450 евра минималната плата беше истакнато на последните првомајски протести. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма за работа не предвидува толкаво зголемување на минималецот во првите 100 дена од работењето на владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42393
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026

Цените во угостителскиот сектор продолжуваат постепено да растат, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, што укажува на континуиран

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот нека нè просвети, порачува г.г.

12/04/2026

„Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy