Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во чест на 140-годишниот јубилеј, „Тиквеш“ повторно беше инспирација за поетите учесници на Струшките вечери на поезијата
Македонија

Во чест на 140-годишниот јубилеј, „Тиквеш“ повторно беше инспирација за поетите учесници на Струшките вечери на поезијата

26/08/2025

AA

Винарската визба „Тиквеш“- најголемата и најнаградувана винарница од регионот во глобални рамки, која годинава прославува 140 години постоење, традиционално беше домаќин на најреномираните светски и домашни поети кои учествуваа на годинешното 64-то издание на Струшките вечери на поезијата (СВП). Посетата на поетите и лауреатот на СВП на „Тиквеш“ е пригоден настан кој се одржува секоја година во рамките на Струшките вечери на поезијата, како резултат на долгогодишното партнерството и поддршката на компанијата на оваа манифестација. Покрај традиционалното поетско читање, учесниците на СВП имаа прилика да уживаат и во вкусот на врвните вина на компанијата, кои беа инспирација за создавање оригинални стихови посветени на виното што поетите имаа прилика да ги напишат на етикетите од посебна едиција од вината „Луда Мара“ на „Тиквеш“.

„За нас во ‚Тиквеш’ е огромна чест што сме поддржувачи на еден од најзначајните културни настани во земјава. Виното и поезијата имаат заедничка нота – и двете се создаваат со љубов, инспирација и страст. Ние сме посебно горди што нашите вина се составен дел од Струшките вечери на поезијата. Веруваме дека културата и уметноста се темелите врз кои опстојува едно општество, а нашата поддршка е израз на долгогодишната посветеност кон вредностите кои нè поврзуваат“, велат од „Тиквеш“.

Педесетина поети, критичари и други литературни дејци од земјава и од странство, уживаа во звуците на поезијата и читањето на стиховите на поетското матине организирано во винарницата во Кавадарци. Особен интерес предизвика годинешниов лауреат на СВП, Иван Штрпка, истакнат словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач, кој наградата ја освои за неговото животно дело во поезијата, поради својата длабока и оригинална лирика, полна со сетилност, нежност и нијанси, како што академик Катица Ќулавкова ја оквалификува неговата поезија. Секако, беше задоволство да се слушнат и стиховите на домашните и поетите од регионот, како и на оние кои допатуваа од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска и други држави.

Гостите имаа прилика да се запознаат со долгата и богата винска историја на регионот, како и да ја разгледаат винарницата, каде што им беше доловена магијата на создавањето на врвните вина и технологијата на производниот процес на винските брендови на „Тиквеш“.

Она што му даде посебен печат на овој поетски ден, насловен како „Поезија на пат“, беше презентацијата на антологијата „Дионис и свети Трифун“, одлична панорама на македонската винска поезија објавена од Струшките вечери на поезијата, токму во чест на одбележувањето на 140-годишниот јубилеј од постоењето на „Тиквеш“. Приредувач на оваа антологија е истакнатиот македонски поет и есеист Славе Ѓорѓо Димоски, кој ја именувал како македонска винска поезија, со оглед на големиот број песни посветени на лозата, лозјето, виното и задоволствата од пиењето вино. Станува збор за прво видување на оваа тема во македонската литература воопшто.

Вреди да се спомене дека еден од најпознатите македонски вински брендови – виното „Т’га за југ“, е создаден во чест на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Ова квалитетно црвено вино на „Тиквеш“ од сортата вранец, го добило своето име во далечната 1973 година, од поетите кои ова вино со својот вкус, боја и арома ги асоцирало на Македонија и емоциите и топлината на луѓето и земјата.

Со оваа соработка, винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата улога како мост меѓу традицијата, културата и уметноста, прославувајќи 140 години винска историја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy